Ќерката на Бредли Купер и Ирина Шајк на шопинг со „маќеата“ Џиџи – порасната и со необичен стил (фото)
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
„Ќерката на Бредли и Ирина е многу блиска со ќерката на Џиџи, а новиот пар ги расте децата заедно“ – по новите фотки на кои девојката на Купер се шета со неговата ќерка, се шират гласини од блиски извори за можни свадбени ѕвона во иднина.
Џиџи Хадид и Бредли се заедно од 2023 година, а во светските медиуми се шират шпекулации дека е можна свадба во догледно време.
Манекенката изгледа има прилично блиска врска со 8-годишната ќерка на Бредли и Ирина Шајк, Леа.
Викендов, Леа беше фотографирана на прошетка и шопинг заедно со нејзината „идна маќеа“, а на фотографиите делуваат како да се во одличен однос.
Леа е веќе порасната и има целосно сменет имиџ, а за прошетката со Џиџи носеше шарено цветно здолниште, маица со Metallica и чизми за планинарење.
Ќерката на Хадид, 4-годишната Каи, која ја има со бившиот Зејн Малик, не беше забележана со нив, но изворите тврдат дека сите заедно се многу блиски.
„Џиџи ја третира Леа како да е нејзина ќерка, а Леа пак, за возврат ја гледа неа како мајчинска фигура. Ирина целосно ја поддржува нивната блиска врска.
Леа исто така ѝ е како поголема сестра на Каи, а двете девојчиња се блиски и растат заедно како едно семејство – и Зејн го поддржува ова.
Нивната заемна посветеност кон децата, уште повеќе ја зајакна нивната веќе силна врска. Џиџи навистина верува дека си ја пронајде својата друга половина.
Таа би сакала да се омажи за Бредли еден ден, но никој од нив не чувствува потреба за брзање“ – изјавил извор близок до парот за Daily Mail.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





