Не може да стои од што е пијан: Загрижувачки фотки од проблематичниот син на Џоли и Пит, по 3-те сообраќајки
Кога Џоли и Пит се разделија, Пакс имаше само 12 години, па се најде среде битката за старателство на двајцата актери. Во 2020 година, Пакс застана во одбрана на мајка му и јавно го навреди Бред Пит со објава на Инстаграм.
На Денот на таткото, Пакс напиша дека Бред бил „ужасна личност“, како и дека неговите деца „се тресат од страв“ од него. Тој дури и се откажа од презимето на актерот.
Разводот на Џоли и Пит се финализира во декември минатата година, а дотогаш веќе почна проблематичното однесување на Пакс.
По сообраќајката од минатото лето кога се здоби со сериозна повреда на главата, кратко по финализирањето на разводот направи уште една сообраќајка.
Овој пат пробувал да го вози својот електричен велосипед без раце, по што удрил во автомобил.
Откако се случи и втората сообраќајка, магазинот TMZ сподели дека Пакс имал уште една несреќа зад себе - со неговиот Tesla автомобил удрил во камион. За среќа, поминал без повреди, иако автомобилот бил практично уништен.
Пакс е роден во Виетнам, а Анџелина Џоли го посвои во 2007-ма, кога тој имаше три години.
Тогаш таа и Бред беа во врска, но бидејќи не беа во брак, според строгите закони во Виетнам, не можеа заедно да го посвојат. Сепак, по свадбата, и Бред Пит официјално му стана татко.
Но, откако актерите се разделија, некои извори тврдеа дека Бред не бил сигурен дали сакал да го посвојат Пакс.
Според Us Weekly, Бред се двоумел бидејќи една година претходно ја добија ќерката Шајло. Истовремено, не бил сигурен како Пакс ќе се снајде во новата средина бидејќи не знаел ниту збор англиски.
Тензијата околу посвојувањето речиси ставила крај на врската на актерите уште тогаш.
Не е познато какви планови за иднината има Пакс, но досега доби мала улога во филмот Maleficent, каде што Џоли ја има главната улога.
Потоа го позајми гласот за лик во Kung Fu Panda 3, а ѝ беше и асистент на Џоли за филот Without Blood кој таа го режираше.
Во интервју од пред 10-тина години, Анџелина откри дека нејзиниот син покажувал интерес за музика, но засега нема издадено ништо.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





