Не може да стои од што е пијан: Загрижувачки фотки од проблематичниот син на Џоли и Пит, по 3-те сообраќајки
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
Викендов, Пакс, посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, беше фотографиран во видно алкохолизирана состојба, а според очевидците, едвај стоел и морал да се држи за пријателите. Во период од една година, тој направи и три сообраќајки, а од едната се здоби со сериозни повреди на главата.
Минатото лето, посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит направи сообраќајка со неговиот електричен велосипед, при што си ја повреди главата и беше пренесен во болница.
На почетокот од 2025-та, тој направи уште една сообраќајка.
Сега, пак, 21-годишниот Пакс беше забележан во видно алкохолизирана состојба во Лос Анџелес.
На ексклузивните фотки споделени од Daily Mail се гледа дека младиот син на актерите едвај оди и се држи за негов пријател за да не падне.
Најпрво, Пакс и пријателите биле во хотелот Chateau Marmont, а фотките на кои делува пијано се направени додека излегувале оттаму. Потоа, со пријателите се упатиле кон стриптиз клуб, каде останале до утрото.
Иако Пакс изгледа расположено, неколкупати речиси паднал додека оделе кон стриптиз клубот.
Се чини дека Пакс тешко се справува со бурниот развод на неговите родители.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





