Кели Озборн изгледа како друга личност откако ослабе – негира дека правела операции или дека користи Оземпик
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
И покрај тоа што разликата во изгледот на Кели Озборн е повеќе од очигледна, таа тврди дека освен што повремено става ботокс, нема направено пластична операција. Што се однесува до слабеењето, негира дека користела Оземпик, туку вели дека ослабела откако направила операција за намалување на желудникот.
Трансформациите на Кели Озборн не се ништо ново – изминативе неколку години, ќерката на Ози Озборн ослабе и го промени имиџот, па почна да изгледа како друга личност.
Но, последната промена во нејзиниот изглед е најдраматичната досега и иако изгледа добро, сепак се соочи со критики дека претерала со пластични операции.
Постара фотка од Кели
Кели го покажа „новото“ лице кон крајот на минатиот месец, со селфи на Инстаграм. Во описот вели дека откако завршила со шминка, ѝ кажале дека настанот на кој требаа да оди е откажан.
Јасно е дека Кели веќе подолг период користи филери на усните, но сега на нејзиното лице нема ниту една брчка, без разлика што има 40 години.
Се забележува разлика и во формата на нејзиното лице – Кели имаше поизразена вилица, но сега ја нема. И нејзините очи делуваат поразлично, односно изгледа како да има направено лифтинг.
Во коментари, Кели доби многу комплименти:
„Твојот стилист се надминал. Изгледаш прекрасно!“
„Како може некој да биде толку убав?“
„Прекрасна, како и секогаш“.
Сепак, на објавата доминираат критики за Кели:
„Многу пари и добар пластичен хирург и сите ќе бидеме вака убави“.
„Неверојатно е што можат да направат пластична операција, Оземпик и многу пари“.
„Татко ѝ сигурно секој ден се буди сè позбунет“.
„Зошто веќе е тренд луѓето да сакаат да изгледаат како потполно друга личност? Зошто не можат да бидат среќни со својот вистински изглед?“
„Вистинската Кели имаше уникатна убавина. Сега изгледа како и секоја друга личност што прави операции. Веќе не можам ни да ги разликувам“.
Интересно е што и покрај драматичната разлика, Кели тврди дека нема направено пластични операции, како и дека не планира да оди под нож.
Во интервју од пред околу една година, кога лицето веќе ѝ беше многу променето, Кели изјави дека освен што повремено става ботокс, не прави никакви други корекции на лицето.
„Јас ја сакам пластичната хирургија – она што им го овозможува на луѓето е неверојатно. Може да им ги промени животите на луѓето, да им ја даде самодовербата што им недостасува.
Отсекогаш сум сметала дека ако нешто не ти се допаѓа, треба да го поправиш. Не мора да го поминеш животот со нос што го мразиш.
Што значи да, фан сум на пластичните операции, но немам направено ништо, освен што ставам ботокс. Премногу ми е страв“.
Постара фотка од Кели
Мајка ѝ Шерон Озборн не крие дека има направено низа пластични операции, а Кели вели дека токму поради тоа ѝ е страв.
„Ја гледав мајка ми како закрепнува од секоја операција и изгледаше ужасно“.
Откако драстично ослабе, Кели беше критикувана и дека користи Оземпик, но самата тврди дека направила операција за намалување на желудникот и така ослабела.
„Луѓето забораваат дека ми отстранија половина желудник. И, не го кријам ова бидејќи е најдобрата одлука што сум ја донела за себе“.
По драстичното слабеење, Кели останала со многу вишок кожа, поради што одела на третмани за затегнување на телото и лицето, познати како EmFace и EmSculpt.
Но, не направила операција за отстранување вишок кожа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





