Џеф Безос ќе прави милионска свадба во Венеција - Зошто локалците се бесни?
Исто така, се смета дека ќе има и еколошки последици, односно приватните авиони и луксузните забави се сметаат за дополнителен товар за веќе чувствителната животна средина на Венеција.
И покрај уверувањата од градските власти дека свадбата ќе се одржи без значителни нарушувања, многу жители остануваат скептични и планираат протести за време на настанот.
Инаку, парот свадбата ја планира околу две години.
Безос ја запроси саканата во летото 2023-та.
Во август таа година, Безос и Санчез ја прославија свршувачката заедно со Крис Џенер и Бил Гејтс на јахтата на Безос, закотвена покрај Амалфи во Италија.
Три месеци подоцна, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг организираше забава во нивна чест во нејзиниот дом во Беверли Хилс, каде присуствуваа и Опра Винфри, Салма Хајек, Барбра Стрејсенд, Миранда Кер, Роберт Патинсон и други славни личности.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





