Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ванеса Брајант се огласи за гласините дека очекува дете, 5 години по смртта на сопругот Коби

Не е познато кој ги започна гласините, но на социјалните мрежи, особено ТикТок, деновиве се зборува дека Ванеса Брајант очекувала дете со „нејзиниот нов 27-годишен дечко“. Сопругата на покојниот Коби Брајант се огласи за озборувањата и доби поддршка од фановите кои сметаат дека јавноста треба да ја почитува нејзината приватност.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-01.jpg

По трагичната смрт на Коби Брајант во 2020 година, Ванеса Брајант немала нов партнер, барем во јавност.

Сепак, деновиве почнаа да се шират шпекулации дека не само што има дечко, туку и дека е бремена.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-04.JPG

Не е познато од каде точно потекнуваат гласините, но тоа што нема никаков доказ за тврдењата дека е бремена, не ја спречи јавноста да шпекулира.

Озборувањата главно се споделуваат на ТикТок.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-05.JPG

Конечно, 43-годишната Ванеса реши да ги замолчи гласините, со по малку комична објава на инстаграм.

На Инстаграм Стори, таа сподели фотка од Ријана која веќе се користи како меме. На фотката, Ријана е во вода со маска за нуркање, држи чаша со пијалак во едната рака, а со другата покажува среден прст кон камерата.

Во описот, пак пишува:

„Јас додека си го штитам мојот мир, не сум бремена и се забавувам цело лето“.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-02.JPG

За потсетување, Ванеса доби четири деца со покојниот кошаркар – Наталија, Бјанка, Капри и Џијана која загина со татко ѝ во хеликоптерската несреќа.

Оние што ги ширеа шпекулациите за бременоста, тврдеа дека таа очекува петто дете со „нејзиниот нов 27-годишен дечко“.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-03.JPG

Многу луѓе ги осудуваат оние кои ги шират озборувањата, па ги опишуваат и како невкусни, особено кога ќе се земе предвид дека изминативе пет години, Ванеса го дава најдоброто од себе да го зачува наследството на покојниот сопруг.

Таа продолжи со неговата филантропска работа, собира храброст да се појавува на настани и ги издржува своите ќерки.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi-.JPG

На почетокот од мај, Ванеса откри дека ќерка ѝ Наталија дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија, со сите почести, а дипломата ѝ беше врачена од сопственикот на Lakers – тимот за кој играше Коби.

Гордата мајка сподели неколку фотки на Инстаграм и доби честитки од низа славни личности, како Клои Кардашијан и Џесика Алба.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi003.JPG

Засега, главниот фокус на Ванеса се нејзините ќерки, додека не открива никакви детали од приватниот живот, а јавноста смета дека треба да се почитува оваа нејзина желба и да не се шират „бесмислени озборувања“, како гласините за бременост.

vanesa-brajant-se-oglasi-za-glasinite-deka-ochekuva-dete-5-godini-po-smrtta-na-soprugot-kobi02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg