„Кеси изгледаше како духот да ѝ го напушта телото“: Машка проститутка прозборе за развратните забави на Диди
- Детали
- среда, 04 јуни 2025
„Никогаш не сакав да прозборам за ова. Но, кога зборувам за Кеси, ми се плаче. Ѝ посакувам сè најдобро бидејќи таа е прекрасна дама“, вели една од машките проститутки кои сведочеа на судењето на Диди. Тој неколкупати бил најмен од раперот за да има односи со Кеси, а вели дека со зборувањето во јавност, сака да ѝ даде поддршка.
На судењето на Диди сведочеа неколку машки проститутки, а вчера (03.02), еден од нив реши да ја сподели својата верзија во интервју за магазинот People.
Шон Диринг е еден од многуте мажи со кои Диди ја присилувал тогашната девојка Кеси Вентура да има односи.
Ова се случувало на развратните забави на раперот, на кои Кеси морала да присуствува, против своја волја.
Бидејќи во јавност се појавија идентитетите на овие мажи, Шон Диринг, покрај сведочењето во судница, одлучи да зборува и во јавност.
Како што вели, сака само уште еднаш да ги потврди изјавите на Кеси дека сè што правела во врската со Диди, било против нејзина желба.
„Никогаш не сакав да прозборам за ова. Не барам внимание, не сакам светот да ми го знае името поради ова искуство.
Но, кога зборувам за Кеси, ми се плаче. Ѝ посакувам сè најдобро бидејќи таа е прекрасна дама“, вели тој за магазинот.
Во своето сведочење, Кеси го спомна Шон Диринг, откривајќи дека го знаела под неговиот псевдоним Skyler. Го нашла на веб-сајт за машки проститутки, по наредба на Диди.
Сега Шон открива дека првпат ги сретнал Кеси и Диди кон крајот на 2014 години и дека на почетокот не знаел кој го најмил. Единствено, неговиот менаџер му кажал дека неговите клиенти се „многу познати личности“.
Тој открива дека го најмиле десетина пати, на разни дестинации низ Лос Анџелес.
„Бевме само јас, тој и таа. Диди никогаш не ме допре. Но, сè што правевме беше по негова наредба“.
Шон вели дека самиот не сведочел на физичко насилство, но истакнува дека психолошкото малтретирање било повеќе од очигледно.
„Кеси беше под негова контрола, таа знаеше и разбираше дека ако не прави како што ќе каже тој… Не знам какви би биле последиците, но можев да почувствувам некоја негативна енергија, дека ако не го слушаме Диди, ќе се случи нешто лошо“.
Шон додава и дека Кеси избегнувала да зборува со него ако Диди не бил во собата.
„Ако Диди излезеше од собата, Кеси се претвораше во робот. Само седеше и гледаше во земјата. Еднаш ѝ поставив прашање и ми рече ’Не, не, не. Не, додека не се врати‘…
Кога забавата стануваше ’помрачна‘, Кеси се менуваше. Изгледаше како духот да ѝ го напушта телото“.
Шон вели дека повеќе не работи како проститутка – го напуштил Лос Анџелес и се вратил на Хаваи, каде што се родил.
Целосно си го променил животот, но истакнува дека морал да прозбори сега, за да ѝ ја даде заслужената поддршка на Кеси.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





