Се ожени со келнерка, сите го исмејуваа: Љубовната приказна на Николас Кејџ и 20 години помладата Алис Ким

Во 2004 година Николас Кејџ стана цел на потсмев во Холивуд поради неговиот избор на сопруга - но оваа „филмска романса во реалниот живот“ беше сè освен површна.

se-ozheni-so-kelnerka-site-go-ismejuvaa-ljubovnata-prikazna-na-nikolas-kejdj-i-20-godini-pomladata-alis-kim-01_copy.jpg

Николас Кејџ е познат по бројните љубовни афери, романси и неколку пропаднати бракови.

Еден од оние бракови на Кејџ кои не издржаа, е и оној со Алис Ким, во кој никој не веруваше, но сепак траеше повеќе од една деценија.

Во 2004 година, додека вечерал во суши ресторан во Лос Анџелес, холивудскиот оскаровец (во тоа време на врвот на својата кариера), ја запознал Алис Ким - скромна келнерка со корејско-американско потекло.

Иако била 20 години помлада од него и живеела далеку од светот на гламурот и славата на Кејџ, меѓу нив веднаш почнала да се јавува привлечност.

А таа била толку голема, што по само два месеца врска, актерот ја запросил.

se-ozheni-so-kelnerka-site-go-ismejuvaa-ljubovnata-prikazna-na-nikolas-kejdj-i-20-godini-pomladata-alis-kim-02.jpg

Ова бил вистински шок за јавноста, но тие сепак успеале да направат свадба во тајност, далеку од папараците.

И иако го исмејуваа, Кејџ никогаш не обрнал внимание на коментарите дека „се оженил со келнерка“.

Алис по свадбата почна да го придружува на премиерите, учествуваше во неговите проекти (се појави во мала улога во филмот Next во 2007 година) и секогаш беше покрај него во турбулентните моменти од неговата кариера - и кога брилјираше на филмското платно и кога неговите улоги беа наречени „фијаско“ и имаше финансиски проблеми.

se-ozheni-so-kelnerka-site-go-ismejuvaa-ljubovnata-prikazna-na-nikolas-kejdj-i-20-godini-pomladata-alis-kim-03_copy.jpg

„Таа беше моја поддршка кога бев во најлоша состојба“ - рекол Кејџ во неколку интервјуа.

Нивната љубов траеше долги 12 години, што за стандардите на Холивуд е многу, дури и љубовно чудо.

Парот го има синот, Кал-Ел, а името го доби по вистинското име на Супермен од стриповите, бидејќи Кејџ е голем обожавател на поп-културата.

Нивниот бракот заврши во 2016 година, но Кејџ и денес зборува со почит за Алис, нагласувајќи дека таа била „некоја што го разбирала подобро од кој било друг“.

se-ozheni-so-kelnerka-site-go-ismejuvaa-ljubovnata-prikazna-na-nikolas-kejdj-i-20-godini-pomladata-alis-kim-05.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава