Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо
- Детали
- сабота, 21 јуни 2025
Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници. Имал афери со неколку мажи, вклучувајќи го и актерот Џејмс Дин.

Марлон Брандо важел за еден од најголемите холивудски заводници, а и денес го сметаат за еден од најубавите актери.
И, талентираниот актер максимално ги користел изгледот и шармот.
Се венчал неколкупати, имал безброј љубовници, добил 11 деца (според некои извори и повеќе), а имал и афери со мажи.
Што знаеме за бурниот љубовен живот на Марлон Брандо?
Се венчал трипати и се верува дека има 15 деца
Првата сопруга на актерот е индиската актерка Ана Кашфи со која доби едно дете. Но, додека бил со неа, имал афери со многу жени, од кои најпозната е онаа со колешката Рита Морено.
По две години се разведе од првата сопруга, но веќе следната стапи во брак со мексиканската актерка Мовита Кастанеда. Со неа доби две деца, а се разведоа по две години брак.
Истата година, Марлон ја запозна третата сопруга, Тарит Териипија, која имаше само 19 години, а актерот – 37 кога се венчаа. Беа во брак околу десет години и добија три деца.
Во меѓувреме, актерот имаше 14-годишна афера со куќна помошничка со која исто така доби три деца.
Тој има и посвоено неколку деца, па вкупниот број изнесува 11. Иако, некои извори тврдат дека актерот има најмалку 15 деца, од кои повеќето не се официјално потврдени.
Наводно имал афера со Џеки Кенеди
Според некои извори, по убиството на Џон Кенеди, Џеки имала кратка афера со Марлон Брандо.
Тие поминале само две ноќи заедно, пред да се разделат.
Гласини дека спиел со комичарот Ричард Приор
Долго се дебатирало за сексуалната ориентација на Марлон Брандо и низ годините бил поврзуван со многу мажи.
Што се однесува до аферата со комичарот Ричард Приор, гласините ги потврди музичарот Квинси Џонс.
Сепак, децата на Ричард, како и некои од децата на Марлон, изјавија дека Квинси кажувал бесмислени работи.
Спиел и со Мерилин Монро
Мерилин и Марлон биле блиски пријатели и наводно актерот дури и разговарал со неа кратко пред таа да почине.
Има и гласини дека во 1995 година имале кратка афера.
Сепак, некои извори блиски до Марлон ги негираа гласините, тврдејќи дека актерката „не е негов тип“.
