Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо

Афера со Џеки Колинс

Актерката и писателка Џеки Колинс самата има изјавено дека имала кратка врска со Марлон Брандо, и тоа кога актерот имал 29, а таа само 15 години.

Според нејзините изјави, се запознале на забава, а нивната врска создала раздор во нејзиниот однос со сестра ѝ Џоан Колинс бидејќи, наводно, и таа спиела со Марлон.

imal-aferi-so-mazhi-dobil-11-deca-od-nekolku-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-marlon-brando-06.JPG

Бурна врска со Рита Морено

Врската на Марлон и Рита Морено траела осум години, а таа самата има изјавено дека била многу токсична.

Таа останала бремена од него, и Марлон ја присилил да абортира. Покрај тоа, во периодот кога се гледале, тој двапати се оженил и развел, па Рита почнала афера со Елвис Присли само за да му се одмазди.

imal-aferi-so-mazhi-dobil-11-deca-od-nekolku-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-marlon-brando-07.JPG

Имал необични навики во кревет

Хајди Флејс се прослави откако беше уапсена за нејзиниот „елитен бордел“ во Холивуд, а има изјавено дека неколкупати била со Марлон Брандо.

Тогаш актерот веќе ја газел осмата деценија во животот, а за една од нивните средби Хајди изјави:

„Марлон, без сомнение, е најсекси и најдебелиот маж со којшто сум спиела. Бев кај него дома една недела пред да ме испратат во затвор и тоа беа најисцрпувачките, но и најубавите осум часа од мојот живот.

Но, имаше детаљ што не ми се допаѓаше – имаше чудна навика да јаде грозје додека имавме секс“.

imal-aferi-so-mazhi-dobil-11-deca-od-nekolku-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-marlon-brando-08.JPG

Наводно имал афера со Џејмс Дин

Според двајца биографи, Марлон Брандо имал афера со Џејмс Дин која вклучувала и садо-мазо игри.

Според нив, Марлон бил доминантниот партнер, додека Џејмс навистина бил вљубен во него. Сепак, Марлон не бил заинтересиран за љубов, туку му било забавно што може да го контролира познатиот актер.

Прочитајте и: Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудски актер

imal-aferi-so-mazhi-dobil-11-deca-od-nekolku-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-marlon-brando-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg