Нов пресврт во драмата кај Бекамови: „Родителите на Никола сметаат дека Викторија е скржава, не им дава пари на децата“
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Според извори на неколку британски медиуми, родителите на Никола Пелц сметале дека Викторија е скржава. Неодамна Никола и Бруклин купија куќа и наводно дел од парите добиле од семејството Пелц, додека Дејвид и Викторија не им понудиле ништо. Со ова, целата драма како повторно да ескалира.

Конфликтот помеѓу Бруклин Бекам и неговото семејство постојано ескалира, а според некои извори веќе личи на „војна“ помеѓу Бекамови и семејството Пелц.
Се шпекулира дека Бруклин се оддалечил од родителите токму поради сопругата Никола Пелц, а според британските медиуми, нејзиното семејство ја зазело страната на младиот пар.
Наводно, семејството на Никола Пелц сметало дека Викторија е скржава и дека со Дејвид не му даваат доволно пари на Бруклин.
Неодамна, Никола и Бруклин купија куќа во Лос Анџелес по цена од 11 милиони долари, а наводно дел од парите добиле од семејството Пелц, а Бекамови не им дале ништо.
Според The Sun, Дејвид и Викторија мислеле дека нивниот син е „заробен“ во бракот со Никола, вклучително и со предбрачниот договор што го потпишале. Договор бил направен така што целосно е заштитено богатството од 1,6 милијарди долари на семејството Пелц.
Од друга страна, родителите на Пелц сметале дека Дејвид и Викторија не се грижат доволно за син им Бруклин, а со тоа и за снаата.
„Како што велат, парите се извор на целото зло. Барем во случајот на конфликтот помеѓу Бекамови и Пелц, парите се проблеми.
Дејвид и Викторија се луѓе кои сами успеале во животот. Па, кога дојде ред Никола и Бруклин да ја купат куќата, сигурно немаше да му дадам милиони на синот – каква порака би испратиле со тоа?“
Имено, Дејвид и Викторија не сакале да ги разгалуваат нивните деца, туку важно им било да ги ценат парите.
Но, родителите на Никола ѝ овозможувале сè на ќерка им и не сакале некогаш да се соочи со финансиски проблеми.
Родителите на Никола кажувале и дека Бекамови престанале да им даваат финансиска помош на децата кои наполниле 18 години.
Но, пријателите на Бекамови тврдат дека тие секогаш ќе ги поддржуваат децата, вклучително и Бруклин, но дека нема да го разгалуваат.
Потполно друг извор, пак, вели дека новата куќа на Бруклин и Никола нема никаква врска со конфликтот.
„Тажно е, па и апсурдно, што некој сака да го претвори бракот на Бруклин и Никола и нивниот нов заеднички дом во нешто токсично.
Бруклин одеше на училиште во Лос Анџелес, таму изгради живот и пријателства. Овој град отсекогаш му бил како дом“.
Уште не е познато како точно почнал целиот конфликт, но се веруваше дека една од причините е последната девојка на Ромео Бекам (Ким Турнбул) која наводно била во врска и со Бруклин.
Некои велеа дека Никола не се чувствувала пријатно во нејзина близина, па затоа ги избегнувале семејните настани на Бекамови.
Прочитајте повеќе: Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со нив
Неодамна, таа реши да се огласи:
„Избегнував да зборувам на темава за да не додавам масло на огнот. Но, дојде до фаза каде што сметам дека морам да кажам нешто.
Не сакам да бидам вознемирувана или срамена поради лаги кажани со цел да се вклопат во нечиј наратив. Никогаш не сум имала романтична врска со личноста за којашто се зборува (Бруклин Бекам).
Помеѓу нас немало ништо освен пријателство кога имавме 16 години“.
Прочитајте и: Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната драма?
Спирова С. | Црнобело