Забрана за телефони, „пижама парти“ со богаташи: Како помина таинствената венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција?
Леонардо ди Каприо ги криеше сатенските пижами под црно палто, Ашер избрал чуден спој на сатенски пижами и кошула, а во најлежерно издание беше Орландо Блум со пижами со бели точки.
Дамите избрале малку поелегантни аутфити – Опра Винфри носеше сатенски комплет со пердуви на ракавите, додека Ким Кардашијан беше во корсет со длабоко деколте и високи чорапи.
На трите прослави, Безос и Лорен имаа покането околу 200 гости, а наводно побарале да не им носат подароци, што е очекувано кога ќе се земе предвид дека Џеф е меѓу најбогатите луѓе на светот.
Наместо тоа, тие ги замолиле гостите доколку сакаат, да донираат за заштитата на Венеција и нејзиното културно богатство.
Во неделата (29.06) славните гости веќе ја напуштија Венеција, а Лорен и Џеф најверојатно тргнале на меден месец.
Уште не е познато каде планираат да одат, но според некои извори, парот се упатил кон Сицилија со приватната јахта на милијардерот.
Повеќе фотки од славните гости:
Спирова С. | Црнобело
