Ја мразела ќерка ѝ, го врзувала син ѝ за кревет: Мрачната страна на актерката Џоан Крафорд

Имала „легендарен“ конфликт со колешката Бет Дејвис

Како најпопуларни актерки во своето време, ривалството меѓу Џоан Крафорд и Бет Дејвис траело со децении. Но, го достигнало врвот во 1962 година, кога и двете се бореа за номинација за Оскар.

Бет доби номинација, но Џоан не, па за да ја засени својата ривалка, веднаш фатила врски за да го презентира Оскарот за најдобар режисер.

„Отиде во Њујорк и почна кампања против мене. Им велеше на луѓето (од жирито) да не гласаат за мене.

Исто така, им се јавуваше на други номинирани и им велеше дека таа ќе ја прими наградата наместо нив ако не можат да се појават на церемонијата“, има изјавено Бет.

ja-mrazela-kjerka-go-vrzuvala-sin-za-krevet-mrachnata-strana-na-akterkata-dzhoan-kraford-04.jpg

И, Џоан навистина ја зела статуетката за најдобра актерка, но во име на актерката Ен Бенкрофт која не била на доделувањето.

„Неколку секунди подоцна, помина пред мене и никогаш нема да го заборавам нејзиниот поглед. Како да триумфирала, како да сакаше да ми каже ’Не победи и пресреќна сум‘“.

ja-mrazela-kjerka-go-vrzuvala-sin-za-krevet-mrachnata-strana-na-akterkata-dzhoan-kraford11.jpg

Можно е самата да била жртва на насилство во деството

Кратко откако се родила, таткото на Џоан Крафорд ги напуштил неа и мајка ѝ.

Па, мајка ѝ, за да си ја обезбеди иднината, се венчала со Хари Касин, сопственик на оперска куќа во Оклахома, а токму преку него Џоан влегла во светот на шоубизнисот.

Но, Џоан и очувот се зближиле премногу и кога актерката имала само 11 години, почнале врска. Мајка ѝ се развела од него, а се претпоставува дека Џоан била жртва на очувот бидејќи сепак била само дете.

И покрај вознемирувачката врска, Џоан целиот живот го бранеше очувот, а тврдеше дека мајка ѝ ѝ љубоморела и затоа го нарекуваа педофил.

ja-mrazela-kjerka-go-vrzuvala-sin-za-krevet-mrachnata-strana-na-akterkata-dzhoan-kraford-03.jpg

Беше во насилен брак

Џоан Крафорд четирипати стапила во брак, а можеби најбурен ѝ бил вториот, со колегата Франшот Тон. Тие беа заедно четири години, а во овој период заедно се појавија во дури седум филмови.

Но, веројатно честата соработка имала удел во распаѓањето на нивниот брак – не се согласувале за многу работи додека снимале, а и додека Џоан сакала да ги учи своите реплики, Франшот повеќе сакал да излегува.

Притоа, Џоан беше многу поголема ѕвезда од сопругот, па и ова го разнишало нивниот однос. Постепено, како што кариерата на Франшот „умирала“, тој почнал да пие, да ја изневерува Џоан, па дури и да биде насилен кон неа.

И покрај насилството, Џоан остана блиска со Франшот по разводот до крајот на неговиот живот. Таа дури и му ја исполнила последната желба – да ја однесе неговата пепел на езерото Мускока.

ja-mrazela-kjerka-go-vrzuvala-sin-za-krevet-mrachnata-strana-na-akterkata-dzhoan-kraford-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава