Бурната врска на Мел Гибсон и Оксана, што речиси му ја уништи кариерата: Ја тепал, се плашела дека ќе ја убие

На аудиоснимките, актерот ја навредува Оксана, користи и расистички и понижувачки зборови, а некогаш и ѝ се заканува.

Оксана самата ги снимала телефонските разговори со актерот, со цел да има доказ за неговото насилно однесување.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-10.JPG

Истовремено, беа објавени и мејлови во кои актерот се обидувал да го спречи протекувањето на снимките. Наводно, понудил да ѝ плати дури 15 милиони долари на Оксана за снимките да не допрат до јавност, но таа го одбила.

Поради сите докази, актерот доби тригодишна условна казна, задолжително советување и општокорисна работа.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-03.JPG

Но, и неговата креира претрпе удар – неговата репутација беше уништена, беше јавно критикуван од некои колеги и медиумите, филмските студија се дистанцираа од него и неколку години му беше особено тешко да најде работа.

Во 2011 година, Оксана реши да ги повлече обвиненијата за семејно насилство и неколку месеци подоцна тие направија и спогодба за старателството.

Се договорија ќерка им да живее со Оксана, но сепак да имаат заедничко старателство.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-04.JPG

Таа доби 750.000 долари, како и куќа од актерот во која може да живее додека ќерка им да наполни 18 години. Потоа, се договориле куќата да биде препишана на девојчето.

Меѓутоа актерот и пејачката имале и договор таа да не зборува јавно за нивната врска.

Но, во 2013 година, Оксана се појави во шоуто на Хауард Стерн каде што го спомна актерот.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-09.JPG

Најпрво, водителот ѝ рече:

„Секој кој поминал низ истото како ти, мора да има надеж, бидејќи тоа е единствениот начин. Мора да гледа напред“.

На ова, Оксана одговори:

„Знаеш што? Треба да го прифатиш твоето искуство и не е важно колку болно може да биде, надежно ќе научиш нешто од тоа“.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-02.JPG

Иако Оксана никаде не го спомнува актерот ниту, пак, открива што се случувало меѓу нив, сепак беше казнета, па наместо 750.000 долари, доби половина од сумата што требаше да ѝ ја даде актерот.

По целата драма, Оксана се повлече од јавноста и наводно веќе нема никаков контакт со актерот, освен кога е во прашање нивната ќерка.

Прочитајте и: Направил дете со друга додека бил во брак, тужен за насилство – како жените му го „земаа“ богатството на Мел Гибсон?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава