„Беше пекол“: Девојката на Круз Бекам емотивна по операцијата за сколиоза – ја покажа и лузната на грбот
„Никогаш немаше да ги поминам тие две недели ако не бев опкружена со поддршка и љубов. Секој ден луѓето минуваат и низ полошо од ова, и во мигови кога сте физички и ментални слаби, сфаќате каква разлика можат да направат разговорот и утехата.
Да имате некој кој постојано ве проверува, ви помага, ве сака.
Една година подоцна, дури и заборавам како успеав. Има денови кога се чувствувам чудно во моето тело, но сите се чувствуваат така.
Изгледам малку смешно додека облекувам чевли и излегувам од автомобил и не можам да поминам цела ноќ во штикли, но освен тоа, блескам.
Накратко, секогаш опкружувајте се со луѓе кои ќе бидат тука за вас.
Најтешко од операцијата и закрепнувањето, чудно, беше психичкиот дел. Со недели им се јавував на луѓето со плачење бидејќи бев загрижена дека нема да бидам исто продуктивна или имав некој луд психолошки страв, бидејќи и лековите може да ве направат чудни и емотивни, особено ако веќе сте анксиозни.
Па, најпрво, опкружете се себеси со љубов, пријателство, луѓе кои вистински се грижат за вас. Второ, имајте нешто на коешто сакате да му се вратите, откако ќе го надминете тоа низ коешто минувате. Ова се моите две мисли за денот.
И, секогаш проверувајте ги вашите блиски. За нив може да направи огромна разлика, а вие да не бидете ни свесни“.
Спирова С. | Црнобело