Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон Маск
Илон го обвинуваше татко му за насилство
Во неколку пригоди, Илон Маск има изјавено дека татко му некогаш бил и физички насилен кон него.
„Знае како да ти го расипе животот, тоа е сигурно. Тој не е среќен човек. Не знам некој се претвора во личност како него…
Чуден е. Немав добро детство. Немав среќно детство, беше како да живеам во мизерија“.
Ерол, пак, го нарекува Илон „разгален“
На критиките од Илон, Ерол врати со изјава дека син му бил само „разгалено дете“ и дека навредите не допираат до него.
„Ме нарекувале геј, мизогинист, педофил, измамник, стаорец, копиле и што уште не. Дури и мајка ми ми имаше кажано дека сум бил ’немилосрден‘ и требало да научам да бидам подобар.
Но, јас си ги сакам моите деца и ќе направам сè за нив“.
Наводно, Ерол има убиено три лица
Како што има изјавено Ерол Маск, пред многу години, во неговиот дом во Јужна Африка упаднале тројца крадци.
Тој ги застрелал и ги убил, а вели дека не одговарал кривично бидејќи делувал во самоодбрана.
Илон не сака да го коментира инцидентот, но само има изјавено:
„Секој криминал што постои – Ерол го има направено“.
Ерол доби уште едно дете со посвоената ќерка
И покрај бурните реакции од неговото семејство, во 2022 година, Ерол Маск се пофали дека добил уште едно дете со посвоената ќерка Јана. Тогаш изјави дека не жали бидејќи „човекот е на земјата за да се размножува“.
„Немам направено ДНК тест, но новата ќерка личи на другите мои ќерки. Не ја планиравме, но живеевме заедно со Јана“.
Ерол истакна и дека не сакал да се венча со Јана бидејќи бил сигурен дека нема да биде среќен со неа. Тие веќе не живееле заедно, но Ерол вели дека останале блиски.
Илон уште се држи настрана од татко му, но повремено знаат да се искритикуваат преку социјалните мрежи.
Спирова С. | Црнобело
