Се омажи за него на 17 години, го изневери ден пред свадбата - Кој е првиот сопруг на Деми Мур, чие презиме го носи и денес?
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
Музичарот Фреди Мур никогаш не стана славен како Брус Вилис или Ештон Качер, но засекогаш ќе остане запаметен како првиот сопруг и прва љубов на Деми Мур. 40 години по разводот, таа уште го носи неговото презиме.

Холивудската ѕвезда Деми Мур, има бурен љубовен живот. Во последните години беше поврзувана со белградската стилистка Маша Манџук, а претходно имаше неколку врски со мажи.
Три од нив завршија со брак, но и со развод, поради што за Деми често се пишуваше во таблоидите.

Од 2005 до 2013 година, таа беше омажена за актерот Ештон Качер.
За траумите што ги претрпе од оваа љубов, пишуваше опширно во своите мемоари и го шокираше светот.

Претходно, Деми беше во брак со Брус Вилис, од 1987 до 2000 година, а тој е и денес нејзин најдобар пријател.
Толку се блиски што Деми е една од оние што се грижат за него откако се дозна дека Брус има деменција.

Во јавноста се знае и дека актерката за малку ќе се омажела за актерот Емилио Естевез, братот на Чарли Шин.
Се запознале на снимањето на филмот St. Elmo’s Fire, се свршиле по 6 месеци, испратиле и покани за свадба, но Деми дознала дека ја изневерува и ја прекинала свршувачката.

