Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почина од проблеми со срцето
- Детали
- петок, 25 јули 2025
Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-годишна возраст поради проблеми со срцето. Неодамна откри дека изминатава деценија имал „барем 25 операции“, а низ годините се соочи со низа скандали – од неверства, до објавена секс снимка.

Тери Џин Болеа, многу попознат како Хулк Хоган, почина вчера (24.07) на 71-годишна возраст.
Можеби најпознатиот борач во светот починал во својот дом во Флорида од срцев застој. Иако била повикана брза помош, откако бил пренесен во болница, борачот бил прогласен за мртов.
Тажните вести официјално беа споделени на неговиот Инстаграм профил.
„Со длабока тага потврдуваме дека изгубиме легенда. Нашиот сакан Тери Болеа, ширум светот познат како Хулк Хоган, почина денес, окружен со неговите сакани.
Во овој период на жалост, ги замолуваме сите да ја почитуваат приватноста на неговото семејство и неговите пријатели.
Да најдеме утеха во прекрасните сеќавања што ги остави зад себе, за милионите фанови ширум светот чии животи беа допрени од него повеќе од четири децении.
Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, стои во описот.
По веста за смртта, извор близок до Хулк откри дека борачот неколку недели имал проблеми со срцето.
„Имаше отежнато дишење, лесно се заморуваше, многу ослабе и беше на кислородна поддршка“, вели изворот.
Сепак, бидејќи претчувствувал дека му се ближел крајот, борачот го поминал последните денови од животот обидувајќи се да ги реши конфликтите со саканите.
„Сакаше да реши многу конфликти. Не сакаше да си замине и некои работи да останат недокажани“, додава изворот.
Само неколку недели пред смртта на Хулк, онлајн се појавија шпекулации дека тој бил во кома. Тогаш се огласи неговата сопруга Скај која откри дека имал рутинска операција на вратот, но дека е во добра здравствена состојба.
Иако повеќето ќе го помнат како борач, Хулк Хоган има и низа скандали зад себе.
Детали за животот (и скандалите) на познатиот борач:
Хулк Хоган почна да се прославува во 1980-тите, како дел од World Wrestling Entertainment (WWE) – американска продукциска компанија најпозната по боречките шоуа.
Впрочем, благодарение на Хулк и неговиот препознатлив изглед, WWE се претвори од регионален, во меѓународен бренд.
Тој победи во најмалку шест првенства организирани од WWE и за луѓето ширум светот, стана синоним за борење.
Но, тој успеа да се прослави и настрана од боречката индустрија – се појави во низа филмови и серии, а извесен период имаше и свое реално шоу.
Можеби најмногу го прослави улогата во третото продолжение од серијалот Rocky во 1982 година. Според гласините, за време на снимањето на сцената со борење за филмот, три лица завршиле во болница поради Хулк.
Иако беше борач и изгледаше застрашувачки, Хулк имаше репутација на добра личност, сè до 2015 година, кога во јавност се појави снимка на која кажува расистички навреди.
Во снимката, тој зборува за дечко на ќерка му, кој бил Афроамериканец и го нарекува со погрдни зборови.
