Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почина од проблеми со срцето
Потоа Хулк јавно се извини за снимката, истакнувајќи дека тогаш минувал низ најлошиот период од животот.
„Ве молам простете ми. Ако некој треба да ми се налути, тоа е ќерка ми. Бев разочаран за нешто што се случи меѓу неа и дечко ѝ“.
Борачот се најде и среде скандал со секс снимка во 2012 година. Тогаш американски таблоид објави снимка на која борачот има односи со сопругата на негов поранешен најдобар пријател.
Тој веднаш го тужеше таблоидот и го доби случајот, по што му беа исплатени 115 милиони долари за оштета.
Низ годините, борачот стана позна и по драмите во неговото семејство. Цели 24 години, Хулк беше во брак со сопругата Линда, со која ги добија децата Брук и Ник.
Тие заедно го снимаа реалното шоу Hogan Knows Best, но само еден месец по финалето во 2007-ма, Линда поднесе барање за развод.
Според Линда, Хулк постојано ја изневерувал, па дури имал афера и со другарка на ќерка им која била тинејџерка.
Годинава, скоро две децении подоцна, конфликтот меѓу Линда и Хулк повторно се најде во фокусот на јавноста, откако Линда сподели видео на Инстаграм Стори.
„Поминаа 15 долги години откако го напуштив Хулк Хоган и моето семејство е во ужасна состојба“.
Во видеото, Линда низ солзи кажува дека веќе нема контакт со ќерка ѝ Брук, и тоа само поради Хулк. Линда го обвини Хулк дека би лажго и зависник од секс и истакна дека иако бил добар татко, бил ужасен сопруг.
По разводот со Линда, Хулк се венча со втората сопруга Џенифер Мекданиел во 2010 година, а се разведоа во 2021-ва.
Потоа, во 2023 година, тој се венча со третата сопруга Скај Дејли, со која беше во брак до неговата смрт.
Борачот имал и бројни проблеми со здравјето. Во интервју пред некоја година, тој откри дека изминатата деценија имал можеби 25 операции.
„Имав 10 операции на грбот. Заменети ми се двете колена и колковите, рамената – сè“.
Хулк веројатно имал и други здравствени проблеми бидејќи фановите покажаа загриженост и поради неговите последни фотки.
Спирова С. | Црнобело
