„Вака изгледаат 60 години“: Поранешен супермодел сподели искрена фотка од своето тело, без Фотошоп
- Детали
- среда, 13 август 2025
За својот 60-ти роденден, Паулина Поризкова, која беше меѓу најпознатите супермодели во светот, сподели фотографија на која покажува како навистина изгледа нејзиното тело. Без позирање и без Фотошоп, објавата на Паулина беше пречекана само со комплименти.

Факт е дека славните жени неретко ни се репер за тоа како треба да изгледаме, без разлика што ни е јасно дека зад нивниот совршен изглед се кријат стилисти, лични тренери, но и алатки како Фотошоп и по некоја естетска корекција.
Совршените фотки нè тераат да мислиме дека и на 56-годишна возраст жените треба да имаат тело како на Џеј Ло или целиот живот да изгледа како супермодел.
Сепак, свесни сме дека ова се нереални стандарди за убавина што се недостижни за повеќето жени, па токму затоа поранешен супермодел доби низа комплименти откако сподели фотка на која покажа како навистина изгледа нејзиното тело.
Паулина Поризкова од Чешка беше меѓу најпознатите супермодели во 1980-тите и 1990-тите, а за својот 60-ти роденден реши да сподели искрена фотографија од нејзиното тело.
Во Инстаграм објава, Паулина сподели една фотографија на која позира во бикини покрај езеро, но и уште една фотографија во долна облека.
На првата фотка, Полина изгледа беспрекорно и тешко дека би ја погодиле нејзината возраст.
Но, на втората фотографија се гледаат „недостатоците“ на нејзиното тело. Односно, таа изгледа како повозрасна личност, а не млада девојка.
„Ова се 60. Вака изгледаат 60 години со здрава исхрана, но понекогаш и нездрава. 60 години некогаш вежбање, некогаш не. 60 години правење правилни и погрешни работи одново и одново.
Ова се 60 години учење што функционира, а што не. И, мислам дека само што сфатив дека сè се менува и треба да почнам одново.
Убавината на 60 е тоа што сега разбирам дека она што е важно е да ја научите лекцијата, а не да го положите испитот“.
Во ера кога жените се под притисок да изгледаат беспрекорно, искреноста на Паулина доби безброј позитивни коментари.
„Те сакаме бидејќи си своја и ти благодариме за тоа. Прекрасна си“.
„Не можам ни да ти опишам колку сум благодарна за жените како тебе. Убава си однадвор и однатре. Годините се само број. Посакувам повеќе жени да се чувствуваат убаво во својата кожа“.
„Ти благодарам што ја сподели фотографијата и што си искрена. Честопати гледам фотографии од жени кои покажуваат како изгледаат на одредена возраст, но на крај споделуваат фотошопирана фотка“.
„Изгледаш прекрасно, како и секогаш. Јас имам 64 години и иако си ги мразам стомакот и килажата, во 60-тите сфатив дека не треба многу да се грижам за ова“.
Неколку денови подоцна, Паулина сподели и видео на кое се гледа дека како секоја 60-годишна жена, и таа има брчки.
Во описот, таа истакнува дека честопати добивала коментари дека за неа стареењето е лесно бидејќи била супермодел - нешто што вели дека не е точно.
„Стареењето е лесно само за оние кои никогаш не се грижеле како изгледаат и се во совршено здравје. Ако сте во оваа категорија, ви се поклонувам бидејќи сте многу пред мене.
За нас останатите – си ја сакам возраста и сум посреќна од кога било. Не би ги заменила годините за ништо.
Но, бидејќи целиот живот се потпирам на мојот изглед, физичкото стареење бара храброст на која уште работам. Но, исто така, стареењето е привилегија за која сум благодарна“.
Во коментари, нејзините следбеници повторно ѝ аплаудираат за храброста и истакнуваат дека со ваквите искрени објави, им помага на многу жени и девојки.