„Дедо ми беше педофил, сексуално нè злоставуваше мене, сестра ми и мајка ми“ - Шерон Стоун со потресна исповед
- Детали
- понеделник, 18 август 2025
„Мислам дека злоупотребата од страна на дедо ми е причината што сестрите на мајка ми полудеа. Сите беа на лекување од проблеми со менталното здравје. Тие беа пет сестри, а од нив само мајка ми доживеа над 50 години“ - вели Шерон Стоун во своето последно интервју.

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (67) немала лесен живот. Таа преживеа мозочен удар, и покрај големата желба никогаш не роди свои деца, но стана мајка откако посвои синови, а во своето најново интервју проговори и за најтешкиот период од детството и траумите што ги доживеала поради дедо ѝ, за кој вели дека бил педофил.
Во интервју за The Guardian, Стоун (67) отворено зборува за тешкото детство, семејните тајни и нејзиниот живот по мозочниот удар.
Шерон вели дека нејзината мајка Дот починала пред неколку месеци, но дека таа дури сега собрала храброст да проговори јавно за своите чувства.

Дури и на смртната постела, мајка ѝ не ја „галела“, туку низ смеа ѝ кажала суровите зборови кои ја повредиле, а сепак, според Шерон, биле многу типични за мајка ѝ.
„Таа пцуеше како португалски работник на пристаниште. Во последните неколку дена барем 40 пати ми кажа дека ‘ќе ме клоцне по вагината’.
А меѓу последните зборови што ми ги кажа беше: ‘Зборуваш премногу, добивам желба да се самоубијам поради тебе’,“ раскажала актерката и рекла дека воопшто не ѝ било сеедно што на тој начин се простила со мајка ѝ.

Во интервјуто Шерон зборува и за семејното насилство, па раскажала за нејзиниот дедо, кој, вели, бил насилен злоставувач и педофил.
Тој ги злоставувал нејзината мајка, нејзината сестра и неа кога биле девојчиња.
Кога мајка ѝ била мала, не проаѓал ден, а дедо ѝ да не ја претепа. Тоа го правел во периодот кога Дот имала меѓу 5 и 9 години.
Поради злоставувањето на нејзината мајка и сестра, Шерон подоцна морала да побара помош за проблеми со менталното здравје.

Стоун вели дека за разлика од нив две, самата таа преживеала поблаги форми на насилство.
„Мислам дека злоупотребата е причината што сестрите на мајка ми полудеа. Сите беа на лекување од проблеми со менталното здравје.
Тие беа пет сестри, а од нив само мајка ми доживеа над 50 години. Имаа уште неколку други сестри кои починаа во раното детство“, вели актерката.

Шерон призна дека кога пред неколку години открила дел од семејните тајни во своите мемоари, предизвикала многу реакции.
Но, нагласила дека е тешко кога некој ќе одлучи да го прекине синџирот на семејно насилство.
„Му побегнав кога имав пет или шест години, пред тој сериозно да почне да ме злоупотребува сексуално.
Бев многу снаодливо дете. Можеби имав и малку среќа за разлика од нив. Но, преживеав многу помалку злоупотреба од другите“, кажала таа во разговорот.

А. Ј. | Црнобело