Продава дрога на елитата во Холивуд, живее во раскош: Која е жената одговорна за смртта на Метју Пери?

Таканаречената „кралица на кетаминот“ се очекува да признае вина за смртта на Метју Пери бидејќи таа му продала превисока доза кетамин. Нејзините блиски воопшто не биле свесни дека е вмешана во трговија со дрога, но таа со години ги снабдувала највлијателните луѓе во Холивуд.

prodava-droga-na-elitata-vo-holivud-zhivee-vo-raskosh-koja-e-zhenata-odgovorna-za-smrtta-na-metju-peri01.jpg

Истрагата за трагичната смрт на Метју Пери уште е во тек, а меѓу главните виновници е и таканаречената „кралица на кетаминот“ – Џасвин Санга која има цела нарко империја во Холивуд.

Метју Пери почина во 2023 година од предозирање со кетамин кој бил купен од 42-годишната дилерка.

Претходно, адвокатот на Џасвин тврдеше дека таа никогаш не го запознала актерот и немала никаква врска со него.

Но, истрагата покажала дека таа го снабдила Метју со 50 шишенца кетамин кои му ги продала по цена од 11.000 долари.

prodava-droga-na-elitata-vo-holivud-zhivee-vo-raskosh-koja-e-zhenata-odgovorna-za-smrtta-na-metju-peri-06.JPG

Кога полицијата го пребарала нејзиниот дом, тие нашле и други наркотици, како метамфетамин, кокаин и седативи кои ги продавала на црно.

Сега се очекува Џасвин Санга да признае вина, со што ѝ се заканува максимална затворска казна од дури 65 години.

prodava-droga-na-elitata-vo-holivud-zhivee-vo-raskosh-koja-e-zhenata-odgovorna-za-smrtta-na-metju-peri-8.JPG

Актерот починал бидејќи Џасвин му дала превисока, смртоносна доза кетамин, без тој да биде свесен за тоа.

По неговата смрт, Џасвин пробала да ги скрие доказите за нејзината вмешаност, но безуспешно.

Наводно, Џасвин соработувала само со „елитата во Холивуд“ и живее во висински раскош.

prodava-droga-na-elitata-vo-holivud-zhivee-vo-raskosh-koja-e-zhenata-odgovorna-za-smrtta-na-metju-peri-11.JPG

Па, што знаеме за „кралицата на кетаминот“?

Џасвин пораснала во Калифорнија, и тоа во елитната област каде што пораснале и сестрите од кланот Кардашијан Џенер.

Завршила факултет во Калифорнија, а потоа магистрирала во Лондон и, како што кажуваат нејзините блиски, никогаш не ѝ недостасувале пари.

prodava-droga-na-elitata-vo-holivud-zhivee-vo-raskosh-koja-e-zhenata-odgovorna-za-smrtta-na-metju-peri-10.JPG

Се родила и пораснала опкружена со луксуз, а и на Инстаграм редовно споделува фотографии со луксузна облека, вечери во скапи ресторани, раскошни одмори, приватни авиони...

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...

Најчитани неделава