Продава дрога на елитата во Холивуд, живее во раскош: Која е жената одговорна за смртта на Метју Пери?
Бидејќи никогаш не ѝ недостасувало нешто во животот, луѓето кои ја познавале биле шокирани кога дознале дека е вмешана во трговија со дрога.
„Има семејство што се грижи за неа. Никогаш не била личност на која ѝ требаат повеќе пари. Има имоти и во Англија.
Секогаш патува и се забавува со семејството. Никогаш не би помислила дека ќе направи нешто вакво“, изјави нејзина познаничка за Daily Mail.
Џасвин се движела меѓу елитата во Лос Анџелес, па низ годините била забележувана со низа славни личности, како актерот Чарли Шин.
Во 2015 година, Џасвин отворила салон за маникир, но по две години го затворила. Сепак, не е познато зошто точно го затворила салонот.
Во меѓувреме, Џасвин организирала и настани, а нејзините клиенти биле некои од најпознатите луѓе кои живеат во Холивуд.
Нејзините блиски откриваат дека имала толку силни конекции, што добивал покани и за престижни настани
„Знае многу луѓе во индустријата. Има отидено на Златните глобуси и на Оскарите. Се дружи со многу славни личности“, велат извори блиски до неа.
Џасвин отсекогаш била доста активна и на Инстаграм, но ништо не навестувало дека има каква било поврзаност со дрога или што било нелегално.
Пред да биде уапсена за смртта на Метју Пери, таа дури и го славела 41-иот роденден со група пријатели кои не биле свесни дека таа е одговорна за трагедијата.
„Пред неколку денови бев на нејзината роденденска забава и ништо не покажуваше дека се случува нешто.
Дефинитивно ми изгледаше како најнормална личност што ја знам со години“, изјави нејзина пријателка.
Сега Џасвин ја чека живот многу поразличен од раскошот на којшто е навикната.
Како што спомнавме, ѝ се заканува максимална 65-годишна казна затвор.
Но, бидејќи се согласила да признае вина наместо да се брани на суд, веројатно ќе добие помала казна.
Сепак, кога ќе се земе предвид нејзината возраст, сосема возможно е остатокот од животот да го помне зад решетки.
Спирова С. | Црнобело