Синот на Џон Бон Џови (23) и Мили Боби Браун (21) во тајност посвоија дете: „Отсекогаш сакав да сум млада мајка, со многу деца“
- Детали
- петок, 22 август 2025
Една година откако стапија во брак, актерка од Stranger Things и синот на Џон Бон Џови, Џејк, открија дека посвоиле дете. 21-годишната актерка многупати досега зборуваше дека сака да стане млада мајка и да има големо семејство, а со сопругот веќе некој период живеат на фарма.

Синот на Џон Бон Џови – Џејк – и неговата сопруга, актерката Мили Боби Браун, ги изненадија фановите со веста дека станале родители.
23-годишниот Џејк и 21-годишната ѕвезда од Stranger Things открија дека летово посвоиле дете.
„Ова лето, ја добивме нашата слатка ќерка преку посвојување.
Пресреќни сме да го почнеме ова следно поглавје со мир и приватност“, стои во заедничката Инстаграм објавата споделена од парот.
Не е познато кога точно го посвоиле девојчето, но младите родители беа забележани со новиот член од семејството кратко откако ги споделија убавите вести.
И двајцата во лежерно издание, тие беа фотографирани со бебешка количка во Лондон.
Мили и Боби ја почнаа врската во 2021-ва, а се свршија во 2023 година.
Минатиот мај направија раскошна свадба во Италија.