Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знаеле)

Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мост. Цели 50 години беше со истиот маж, а вели дека никогаш не ја преболела неговата смрт.

ja-narekuvale-najgrdoto-dete-pomina-2-nedeli-vo-zatvor-fakti-za-sofija-loren-shto-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Со децении, Софија Лорен важи за една од најубавите актерки во светот, а дури и на 90-годишна возраст зрачи елеганција и им е идол на милиони жени.

Денес е среќна и вели дека во животот успеала да си го најде мирот. Но, ни нејзиниот пат не бил лесен.

Помалку познати детали од животот на Софија Лорен:

Била родена во сиромаштија

Софија била родена во 1934 година, на клиника за самохрани мајки во Рим. Нејзината мајка била надежна актерка, додека татко ѝ бил инженер.

Нејзините родители се познавале краток период пред мајка ѝ да забремени. Па, татко ѝ очекувал да абортира.

Сепак, мајка ѝ одбила и побегнала од него за да може да си го роди детето.

По раѓањето на Софија, татко ѝ сепак почнал да се грижи за неа, но заработувал многу малку. Мајка ѝ, пак, била болна и неспособна за работа.

Кога биле во најголема криза, татко ѝ повторно ги напуштил, па Софија останала сама со својата мајка.

Почнала и Втората светска војна, а Софија и мајка ѝ живееле во Позуоли кој тогаш бил нарекуван најсиромашниот град во Италија.

Биле во толку лоша состојба, што некогаш немале ни вода за пиење, мајка ѝ просела за храна и пари, а скоро цела година биле и бездомници.

ja-narekuvale-najgrdoto-dete-pomina-2-nedeli-vo-zatvor-fakti-za-sofija-loren-shto-ne-ste-gi-znaele-09.JPG

Ја нарекувале „најгрдото дете“

Поради здравствените проблеми, мајка ѝ на Софија не можела да ја дои. Софија драстично ослабела и на мајка ѝ ѝ рекле дека единствен начин да си го спаси бебето е да најде доилка.

Но, ова било уште еден огромен трошок за и онака сиромашно семејство, па мајка ѝ жртвувала многу, некогаш и самата не јадела, само за да може да ја плати доилката.

Подоцна, кога Софија се прослави, нејзината доилка изјави дека била „најгрдото дете“ што го видела.

Впрочем, и во биографијата на актерката пишува дека многу луѓе ја сметале за неубаво дете бидејќи имала „многу големи очи и многу голем нос“.

ja-narekuvale-najgrdoto-dete-pomina-2-nedeli-vo-zatvor-fakti-za-sofija-loren-shto-ne-ste-gi-znaele-8.JPG

Била малтретирана и исмејувана во детството

Софија била мошне слабо девојче, па поради ова често била исмејувана од врсниците.

Многумина и ја навредувале бидејќи немала татко.

„Сите деца на училиште имаа семејства со татко. Не можам да кажам дека им завидував бидејќи си ги сакав пријателите, но не бев како нив. Се чувствував поразлично…

Но, сфатив дека само затоа што мајка ми не е во брак, не значи дека ние не сме семејство“, има изјавено актерката за нејзиното детство.

ja-narekuvale-najgrdoto-dete-pomina-2-nedeli-vo-zatvor-fakti-za-sofija-loren-shto-ne-ste-gi-znaele-04.JPG

Првите години од бракот со Карло Понти биле особено бурни

Софија Лорен се венчала само еднаш – со продуцентот Карло Понти – и нивниот брак траеше дури 50 години, односно сè до неговата смрт.

Во голема мера, Карло е заслужен за славата на Софија. Тој ја забележал кога имала 17 години и се пријавила на натпревар за убавина.

Тогаш Карло, кој бил 22 години постар од неа, ги забележал нејзините талент и убавина, па решил да ѝ помогне да се пробие.

Притоа, почнал и врска со неа, без разлика што бил во брак, иако разделен од сопругата.

Поради возрасната разлика и фактот дека Карло бил во брак, тие биле критикувани. Истовремено, на почетокот Карло дури и пробувал да ја убеди да и направи операција на носот за да изгледала поубаво.

Сепак, со какви премрежја и да соочувале, факт е дека ги надминале штом останаа заедно половина век.

ja-narekuvale-najgrdoto-dete-pomina-2-nedeli-vo-zatvor-fakti-za-sofija-loren-shto-ne-ste-gi-znaele-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Лорен Санчез едвај оди со штикли по плажа на Ибица - Џеф Безос ја држи да не скрши глужд, Ди Каприо ... На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините високи потпет...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg