Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знаеле)
Со Карло мораа да избегаат од државата
По некој период заедно, Карло и Софија решиле да се венчаат. Но, во Италија, Римокатоличката црква не сакала да го признае разводот на Карло и сопругата.
Па, со Софија се венчале во Мексико.
Сепак, црквата дознала за ова, го обвинила Карло за бигамија, па парот морал да побегне во Франција.
По некое време успеале да стекнат државјанство, па повторно се венчале во 1966 година.
Помина еден месец во затвор
Во раните 1960-ти, Софија почна да стекнува светска салва, што ѝ донесе и огромно богатство. За да нема главоболки околу даноците, најмила сметководител на кого целосно му верувала.
Но, во 1980 година, Софија добила тужба за затајување данок – ѝ должела на државата 180.000 долари уште од далечната 1963-та.
Поради ова, доби затворска казна од еден месец.
Актерката се жалеше дека пресудата е неправедна, па откако почнаа да реагираат и нејзините фанови, актерката помина само 17 дена зад решетки.
Никогаш не му прости на татко ѝ
Во целиот живот, Софија го имала сретнато татко ѝ само трипати – на 5 и 17-годишна возраст и потоа во 1976-та, на неговата смртна постела.
И, има откриено дека никогаш не му простила.
„Никогаш не сум имала врска со татко ми. Посакувам да беше поразлична личност, поразличен татко, поразличен партнер за мајка ми…
Но, беше кој беше и не можете да си ги избирате родителите. Бев доволно среќа што имав мајка која ме сакаше со целото свое срце“.
Не ја преболе смртта на сопругот
Карло Понти почина во 2007-ма, на 94-годишна возраст, а актерката многупати има изјавено дека многу ѝ недостасува.
„Карло ме научи да верувам во себе. И покажа дека можам да си ги остварам соништата. Бевме вљубени и не сакам да помислам на мојот живот без него…
Бев многу тажна кога почина и ова е нешто што не се преболува, никогаш. Секојпат кога мислам на него, се чувствувам осамено, но таков е животот“.
Прочитајте и: Како Карло Понти успеа од сиромашна селанка да ја направи Софија Лорен светска ѕвезда?
Спирова С. | Црнобело
