Пее гол на улица, удира полицајци, му се заканува затвор: Што се случува со контроверзниот рапер Lil Nas X?
Надлежните истакнаа дека само затоа што е славен, не значи дека ќе добие посебен третман.
Неговиот адвокат, пак, смета дека сите се престроги кон музичарот бидејќи досега немал проблеми со законот.
Lil Nas X се прослави во 2018 година, со песната Old Town Road.
Оттогаш стана познат по контроверзните спотови и настапи – еднаш направи и фотосесија на која позира со труднички стомак.
Сепак, неколкуте години слава веројатно не биле лесни за раперот бидејќи според извори блиски до него, периодов западнал во „лошо друштво“.
„Смета дека не може да им верува на многу луѓе што ги знаел во минатото, бидејќи пробуваа да го искористат за пари. Но, не може да им верува ни на некои негови нови пријатели.
Периодов се дружи со некои чудни луѓе и блиските се сомневаат дека повторно го искористуваат за пари и дека живеат во неговиот дом“.
По апсењето, неговото семејство било веќе сериозно загрижено дека раперот е опкружен со лоши луѓе кои го водат на опасен пат.
Тие мислеле и дека раперот ќе биде „следниот Метју Пери“.
„Семејството сака да истапи и да со заштити. Кариерата му дои во надолна линија, и ова има влијание врз него.
Неговото семејство се плаши дека ќе биде експлоатиран и искористен како Метју Пери ако не му помогнат“.
Но, раперот има и комплициран однос со неговото семејство. Во 2021 година, вирално се споделуваше видео на кое се гледа како мајка му стои на улица и проси за храна.
Дотогаш раперот веќе заработуваше милиони, па јавноста почна да го прашува зошто не ѝ помогне на мајка си.
Музичарот одговори на Твитер:
„Мразам да зборувам за приватниот живот, но вие не знаете колку ноќи сум заспивал со плачење бидејќи сум се чувствувал виновен бидејќи што и да сум пробал да направам за да ѝ помогнам на мајка ми, не функционирало“.
Тој додаде и дека јавноста може да мисли што сака за него, но факт е дека никој не знае што навистина се случува зад затворени работи.
По ова, се огласи татко му кој сподели фотографија на која раперот се прегрнува и со двајцата родители.
„И покрај она што го вели јавноста, тој е најдоброто дете што еден родител може да го посака.
Иако неговата мајка се справува со зависност, таа е кралица и нашиот син се труди да има сè што ѝ е потребно“.
Раперот претходно и самиот имаше откриено дека мајка му била зависничка од дрога, поради што не се многу блиски.
„Дури и кога пробувам да ѝ помогнам да се подобри, многу работи не одат по план. Но, меѓу нас сепак има љубов“.
Засега не е познато кога ќе биде сослушувањето на раперот за неодамнешниот инцидент.
Прочитајте и: Сака да провоцира, направи фотосесија со труднички стомак – факти за контроверзниот Lil Nas X
Спирова С. | Црнобело