Пее гол на улица, удира полицајци, му се заканува затвор: Што се случува со контроверзниот рапер Lil Nas X?
- Детали
- вторник, 26 август 2025
Откако раперот Lil Nas X беше уапсен за напад на полицајци, извори блиски до него открија дека периодов бил во „лошо друштво“ што го носи на погрешен пат. За време на инцидентот од минатата недела, полицијата морала да искористи и елекотрошокер за да го смири, по што го однеле во болница бидејќи мислеле дека е предозиран.

Минатата недела, контроверзниот рапер Lil Nas X беше уапсен бидејќи нападнал полицајци.
Пејачот бил забележан сред улица во Лос Анџелес само по долна облека и каубојски чизми и се однесувал чудно – пеел на глас, се расправал, а пробувал и да позира со сообраќаен конус.
Од целиот бизарен инцидент се појави и видео на кое се гледа дека раперот е под дејство на дрога или алкохол и се однесува мошне чудно.
Според полицијата, пред да биде уапсен, тој бил забележан и потполно гол од неколку луѓе.
Кога полицијата му пришла, раперот се обидел да ги нападне – почнал да ги удира со боксови, па бил уапсен.
Наводно, полицијата користела и електрошокер за да може да го приведе.
Но, најпрво го однеле во болница бидејќи биле загрижени дека е предозиран.
„Утрово (21.08) околу 5:50 часот наутро, полицајци одговорија на повик за гол маж кој се движи по улицата. Штом пристигнаа, осомничениот проба да ги нападне и беше приведен.
Беше транспортиран во локална болница поради можно предозирање и беше уапсен за напад на полицаец“, гласи соопштението на полицијата во Лос Анџелес.
По апсењето, вчера (25.08) се дозна дека на раперот му се закануваат и пет години зад решетки.
Официјално се соочува со три обвиненија за напад на полицаец, како и уште едно обвинение за давање отпор при апсење.
Вчера се откри и дека „авантурата“ на раперот почнала од хотел во Лос Анџелес, каде што бил снимен од безбедносните камери. Од хотелот излегол со фармерки, кула и каубојски шешир, но по пат ја соблекол целата облека.
На неколку минувачи, пак, им кажал дека ќе оди на забава.
Полицијата соопшти дека по апсењето, немало инциденти со раперот, односно пробувал да не привлекува внимание додека е во притвор.
Вчера раперот имаше сослушување и беше фотографиран како излегува од судница со бел затворски костим.
Бил ослободен со кауција од 75.000 долари, но допрва ќе оди на судење, каде што ќе се одреди дали ќе треба да одлежува затворска казан.