„Oва е грациозно стареење“: Крис Џенер (69) прозборе за фејслифтингот што го платила 100.000 долари
- Детали
- среда, 27 август 2025
Во интервју за Vogue Arabia, Крис Џенер вели дека направила фејслифтинг бидејќи според неа, тоа било грациозно стареење. Крис го покажа новото лице во мај, со фотки на кои изгледаше како да е на иста возраст со ќерка ѝ Ким Кардашијан.

Крис Џенер се подмлади барем 10 години, а сега прозборе и за процедурата што ѝ помогнала да го постигне младешкиот изглед.
69-годишната ријалити ѕвезда ја краси насловната страница на септемвриското издание на Vogue Arabia, каде зборува за скапиот фејслифтинг што го направила годинава.
Крис првпат го покажа новиот изглед во мај, а на фотките изгледаше како да е на иста возраст со ќерка ѝ Ким Кардашијан.
Таа ја направила процедурата кај д-р Стивен М. Левин, кој го нарекувале маестро за фејслифтинг. Ординацијата на докторот ја посетувале многу ѕвезди, а цената за неговите третмани се движела од 45.000 долари, па нагоре.
За Крис, пак, се претпоставува дека потрошила над 100.000 долари за третманот.
Иако за повеќето достоинствено и грациозно стареење значи прифаќање на промените кои доаѓаат за годините, Крис вели дека ова не важи за неа.
„За мене, ова е грациозно стареење. Првпат направив фејслифтинг пред околу 15 години, па беше време за освежување.
Се одлучив да ја направам процедурата бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе и тоа ме прави среќна“.
Сепак, Крис вели дека ги разбира жените кои не сакаат да прават процедури за подмладување.
„Само затоа што стареете, не значи дека треба да се откажете од грижата за себе. Ако се чувствувате удобно во вашата кожа и сакате да стареете грациозно, односно да не правите процедури, тогаш немојте да ги правите.
Но, ова е мојата верзија“.
Крис додава и дека воопшто не пробува да ја скрие процедурата и веројатно ќе биде вклучена во идните епизоди на реалното шоу на Кардашијанс.
„Можеби јас ќе бидам инспирација за луѓето кои не се чувствуваат убаво во своја кожа. Дури и кога ми правеа операција за заменување на колкот, снимавме.
Убедена сум дека споделувањето на овие работи може да им биде од помош на некои луѓе“.
Крис ја нарекуваат „менаџерка на кланот Кардашијан-Џенер“ бидејќи сепак таа ги направи ќерките светски познати.
Во интервјуто открива дека нејзините способности за преговарање ѝ помогнале таа и ќерките да го водат наративот за реалното шоу кое се емитува со години.
„Секако дека немаше да си го ставам семејството во ранлива ситуација и да потпишам согласност продуцентите да прават што сакаат со нас.
Сепак, брзо сфативме дека нашите искрени моменти, солзите и тоа што ги покажуваме нашите вистински животи има вредност.
Ги отстрануваме само снимките каде што изгледаме лошо или ако сме мислеле дека нешто може да се сними од подобар агол“.
Годинава Крис ќе го слави 70-тиот роденден, но вели дека не размислува за пензија:
„Мајка ми работеше до 82-годишна возраст и ја планирам да го гледам нејзиниот пример. Па, можеби ќе се пензионирам на 85“.
Покрај новото лице, Крис направила целосна промена и на својот стил, најмногу бидејќи ослабела.
„Крис носи помал број на облека и не ѝ требаат старите алишта. Сега носи многу помал број, исто како во 198-тите и пресреќна е за тоа.
Нејзиниот гардеробер е многу поразличен и таа е среќна што си го врати телото од младоста“, вели извор близок до ријалити ѕвездата.
Иако се претпоставува дека и Крис користела Ozempic како бројни славни личности, таа нема откриено како ослабела.
Спирова С. | Црнобело