На ќерката на Ким Кардашијан ѝ е здодевно во Рим – намуртена на тура во Колосеумот, по критиките за аутфитот со деколте
- Детали
- петок, 29 август 2025
Ким Кардашијан и нејзината 12-годишна ќерка деновиве се во Италија, а по критиките за аутфитот со корсет и деколте, девојчето привлече внимание и со нејзината реакција додека го посетуваа Колосеумот. Додека повеќето се импресионирани од древната градба, Норт се муртеше и изгледаше како да ѝ е здодевно на турата.

Деновиве Ким Кардашијан и Норт Вест се во Италија, каде 12-годишната ќерка на ријалити ѕвездата го покажа новиот стил.
Со долга сина коса и корсет, папарацо фотките од мајката и ќерката наидоа на критики бидејќи многумина сметаат дека девојче од 12 години сепак не треба да носи таков аутфит.
И новите фотки од Норт и Ким предизвикаа коментари, но овој пат поради реакциите на девојчето додека шетаа низ италијанската престолнина.
Ким и Норт беа фотографирани додека го посетуваа Колосеумот во Рим.
Но, додека некои сонуваат да ја видат импресивната градба, Норт изгледаше како да ѝ е здодевно.
Најпрво Ким и Норт беа фотографирани како излегуваат од ресторан и девојчето изгледаше задоволно и среќно.
Но, за време на турата во Колосеумот, Норт беше намуртена и воопшто не изгледаше импресионирано од древното здание.
Потоа Ким и ќерка ѝ беа фотографирани во неколку луксузни продавници, каде што Норт делуваше многу посреќно.
Ким и Норт беа во друштво на две девојки, од кои едната е пријателка на девојчето.
Со нив имаше и неколку телохранители, како и туристички водичи.
За екскурзијата низ Рим, Норт носеше беж фустанче со црна тантела, а сината коса ѝ беше собрана во две опавчиња.
Ким се одлучила за поедноставен аутфит – црни панталони и црн кроп-топ.
Погледнете и: Ќерката на Ким Кардашијан во аутфит со деколте во Рим - на само 12-годишна возраст (фото)
Повеќе фотки од Ким и Норт во Рим:
Спирова С. | Црнобело