Се запознале на фудбалски натпревар, му го запишала бројот на билет за воз: Љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам
Тој период се огласи братот на асистентката кој изјави:
„Таа ми се довери дека навистина имала афера со Дејвид“.
Фудбалерот веднаш ги негираше обвинувањата.
„Изминативе неколку месеци прочитавме многу луди приказни за мојот приватен живот. Виситината е дека јас сум во среќен брак. Имам прекрасна сопруга и две прекрасни деца“.
Пред околу две години, и Викторија ја спомна наводната афера и влијанието што го имала врз нивниот брак:
„Тоа беше најтешкиот период бидејќи ни изгледаше како целиот свет да е против нас. И, ако бидам искрена, и ние бевме свртени еден против друг.
Додека да отидеме во Мадрид, бевме ние двајца против светот, бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг. Но, кога отидовме во Шпанија, изгледаше како да се изгубивме“.
Дејвид и Викторија сепак го надминаа кризниот период, па во 2004 година го добија третиот син – Круз.
Во 2007 година Дејвид потпиша нов договор, па целото семејство се пресели во САД, каде беа пречекани како кралско семејство. Том Круз дури организира и огромна забава во нивна чест.
Кога ја прославија десетата годишнина од свадбата, беше јасно дека гласините за аферата веќе не допираат до нив и само потврдија дека го имаат едниот од најстабилните бракови.
Како пар, станаа навистина моќни, па успеаја да влезат во најелитните друштва.
Во 2011-та дури беа поканети и на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Кратко потоа тие ја добија и ќерката Харпер.
По две децении на фудбалскиот терен, во 2013-та Дејвид сподели дека ќе се пензионира, па со семејството се вратија во Лондон каде што се и денес.
Дејвид откри дека по 15-тата годишнина, со Викторија „се венчале“ уште еднаш, односно ги обновиле заветите.
„Беше многу приватен настан, околу шест гости во нашата куќа“.
Во 2018-та, тие беа поканети и на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари, а истата година се појавија гласини дека ќе се разведуваат.
Викторија реши да ги спомне гласините во интервју за британскиот Vogue:
„Луѓето измислуваат работи за нас веќе 20 години. Јас и Дејвид се навикнавме да ги игнорираме и да си продолжиме со животот. Но, овие гласини имаат влијание врз луѓето околу нас и сметам дека тоа не е фер“.
Животот на парот продолжи мирно, без скандали, сè до драмата со нивниот најстар син Бруклин.
Моментално Бруклин нема контакт во семејството, наводно по наредба на неговата сопруга Никола Пелц.
Иако целиот свет знае за драмата, Бекамови одбиваат да коментираат.
Наместо тоа, се фокусираат на својот живот.
Повремено се шегуваат на своја сметка, постојано се поддржуваат и одново и одново покажуваат дека и по скоро три децении заедно, љубовта меѓу нив нема згаснато.
Прочитајте повеќе: Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл
Спирова С. | Црнобело
