Спиела со таткото на Ким Кардашијан, Елвис ја силувал и сакал да абортира: Присила Присли со нови контроверзни откритија
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
Во новите мемоари Присила вели дека Елвис ја силувал кога дознал дека има афера, а зборува и за нејзината кратка врска со таткото на Ким Кардашијан – адвокатот Роберт. Ја криела врската од Елвис бидејќи се плашела дека ќе го убие.

Присила Присли, некогашната сопруга на Елвис Присли, издаде мемоари во кои открива нови детали од нејзиниот живот.
Таа зборува за починатата ќерка Лиза Мери Присли, но и за нејзината контроверзна врска со познатиот пејач.
Присила вели дека кога останала бремена со Лиза Мери, Елвис ѝ предложил да абортира.

Елвис и Присила се запознале кога таа имала само 14 години, а славниот пејач – 24.
Свесен дека ќе биде осудуван за врска со тинејџерка, Елвис сепак почекал, па тие се венчаа кога Присила наполни 21 година.

Но, само неколку недели по свадбата, Присила дознала дека е бремена.
„Нашата свадба го означи моментот кога веќе не требаше да се кријам (од јавноста). Бев многу возбудена. Но, забременив на првата брачна ноќ и сите соништа ми се срушија.
Ни Елвис ни јас не бевме подготвени за дете. Со недели, Елвис и јас во тишина бевме загрижени за она што ќе се случи.
Кога бев во најлошиот период, се прашував и како би се чувствувала ако ми се случи некоја незгода и доживеам спонтан абортус. Се чувствувам многу виновна што ги имав овие мисли“, пишува Присила.

Елвис, пак, ја разгледувал опцијата за абортус.
„Еден ден ме праша дали би сакала да абортирам. Ми рече дека ќе ме поддржи што и да посакам. Неговите зборови како да ме разбудија.
Почнав да плачам и му реков дека не може да абортирам, дека тоа е нашето дете“.

Иако целиот живот Присила тврди дека Елвис не ни помислувал на секс додека била малолетна, во мемоарите сподели и трауматично искуство кога пејачот ја силувал.
Парот се раздели околу четири години пораѓањето на ќерка им, а тогаш се дозна дека Присила имала афера со нејзиниот карате инструктор.

Присила тврди дека не се разделиле поради аферата, но кога Елвис дознал, ја силувал.