Алиса Милано реши да ги отстрани имплантите на градите: „Се ослободувам од телото што беше малтретирано“
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
Ѕвездата од Charmed нема откриено кога ги ставила имплантите, но сподели дека не ги чувствувала како дел од себе и дека сака да се ослободи од телото кое било сексуализирано и малтретирано.

Актерката Алиса Милано откри дека одлучила да ги отстрани имплантите во градите, а сподели и фотка од болница пред операцијата.
52-годишната Алиса, која се прослави со улогата во Charmed (Волшебнички), отворено зборуваше за сексуалното вознемирување што го трпела во Холивуд, а сега вели дека сака да се ослободи од телото кое било сексуализирано.

„Денес се ослободувам од лажните наративи, деловите од мене кои всушност никогаш не биле дел од мене. Се ослободувам од телото што беше сексуализирано, малтретирано, од тоа што верував дека беше неопходно да бидам атрактивна за да бидам сакана, успешна, среќна. И, правејќи го ова, ја ослободувам ќерка ми Бела од тоа да ги чувствува истите нездрави барања.
Сакам да разјаснам дека многу жени наоѓаат слобода и убавина во нивните импланти. Она што е лажен наратив за мене може да биде исправно за нив и пресреќна сум што сите можеме да си ја најадеме нашата женственост и нашиот мир по наши правила…
Денес јас сум сакана, женствена, атрактивна и успешна. Ништо од ова не е поради моите импланти. Уште ќе бидам сите овие работи и кога ќе се разбудам а имплантите ќе ги нема…“, пишува меѓу другото во објавата на Алиса.
На крај таа додава дека е сместена удобно, со оброк што ѝ го приготвил мајка ѝ и им се заблагодарува на сите за поддршката.

Во 2019 година, Алиса изјави дека кога била во своите 20-ти, актер со кој снимала љубовна сцена пробал да ја допре на гениталиите.
Во 1998-ма, пак, тужеше порно веб-сајт кој објави нејзини голи фотографии без нејзина дозвола.
Некои од фотографиите беа и фотошопирани.

Актерката нема откриено кога ги ставила имплантите, додека во коментари доби огромна поддршка од нејзините фанови, но и од славни личности, како Никол Шерцингер.

Спирова С. | Црнобело