Му помогнала да ја надмине траумата од силување: Љубовта на Метју Меконахи и сопругата трае речиси 2 децении
Имаат три деца
Метју и Камила добија две деца пред нивната венчавка.
Првиот си им се роди во 2008 година, а актерот откри дека бил покрај саканата за време на породувањето. Во 2010-та добија и ќерка.
Неколку месеци по свадбата, Камила и Метју добија уште еден син.

Камила му помогна да направи значаен пресврт во својата кариера
Со години, Метју Меконахи беше познат како ѕвезда од романтични комедии – жанр кој ни приближно не му овозможува да го покаже својот талент.
Свесен за ова, актерот со години пробувал да почне да снима посериозни филмови, а Камила била таа која го охрабрила да се бори за она што сака.
Па, со нејзина поддршка, одбил понуда за улога во романтична комедија, како и 15 милиони долари. Размислувал и целосно да ја паузира кариера штом не може да го прави тоа што го исполнува.
„Имав квантитет, но немав квалитет. Сакав да снимам драми, но Холивуд не им даваше, без разлика колку малку пари барав.
Па, си реков дека штом не можам да го правам тоа што сакам, ќе престанам“.

Актерот добивал понуди за романтични комедии, но одлучен благодарение на Камила, ги одбивал сите.
Конечно, во 2011 година, доби улога во филмот The Lincoln Lawyer, по што следеа улоги во низа одлични филмови и серии, а на крај успеа да освои и Оскар.
И, тој има изјавено дека е свесен дека без поддршката на Камила, ќе продолжел со романтичните комедии и немало да го направи саканиот пресврт.

Му помогнала да ги надмине траумите од детството
Во своите мемоари од 2020 година, Метју Меконахи откри дека бил жртва на силување, и тоа двапати.
За неговото прво сексуално искуство на 15-годишна возраст актерот бил уценуван.
Потоа, на 18-годишна возраст, бил нападнат од маж додека бил без свест.

Иако истакнува дека не се гледал себеси како жртва, вели дека Камила му дала мир во животот и му помогнала да ја процесира целата траума.

Прочитајте и: Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна приказна на Метју Меконахи
Спирова С. | Црнобело