Која е Албанката што го доведе телото на Ким Кардашијан до совршенство?

Била активна уште од детството

Иако извесен период работела во бизнис секторот, Сенада отсекогаш била активна.

Откако се преселила во САД редовно играла фудбал, тенис, кошарка и рагби.

Страдала од анксиозност и депресија

На Сенада не ѝ било лесно да се адаптира на новиот живот кога се преселила во САД, па овој период се соочила со криза со менталното здравје.

Има изјавено дека нејзините родители не зборувале англиски, па морала „брзо да порасне“ за да се грижи за нив.

Како странец, на почетокот била исмејувана и малтретирана, но вели дека сега тешкиот период е зад неа.

Сенада има откриено и дека се соочувала со нарушување на исхраната. И, донекаде ова ја мотивирало да создаде своја фитнес програма која не вклучува изгладнување.

Сенада вели дека пробувала да ги достигне нереалните стандарди за убавина, па се изгладнувала, за потоа наеднаш да се прејаде.

Вежбала интензивно не за да биде здрава, туку за да исполни некој нереален критериум.

Кога сфатила дека не треба да се фокусира на бројот што го покажува вагата, туку на своето здравје, успеала да си ја подобри состојбата.

И денес, како тренер, сака да ги мотивира другите жени да се фокусираат на истото.

Ја обожава Ким Кардашијан

Многупати, Сенада има изјавено дека Ким е жената која најнапорно вежба во теретана.

Често дава комплименти за нејзината посветеност и вели дека ријалити ѕвездата никогаш не се откажува.

Сенада има откриено дека се преселила во Лос Анџелес само за Ким Кардашијан бидејќи верувала дека преку неа ќе ја пренесе својата порака дека жените треба да се стремат да бидат силни и здрави, а тоа ги прави убави.

koja-e-albankata-shto-go-dovede-teloto-na-kim-kardashijan-do-sovrshenstvo-02.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...

Најчитани неделава