Наши и светски познати дами кои зборуваа за нивната битка со рак на дојка

Оливија Њутн Џон

Ѕвездата од Grease првпат добила дијагноза во 1992 година. Тогаш ѝ била направена мастектомија и цела година одела на хемотерапија.

Во 2013 година, болеста се вратила и таа повторно успеала да се избори, но овој пат јавноста не знаеше за нејзината битка.

Во 2017-та, Џулија третпат се соочила со болеста, но сега ракот се проширил и на нејзините коски. Дури тогаш таа ја откри дијагнозата од 2013-та.

Оливија почина во 2022-ра, на 73-годишна возраст, но се бореше до последно, отворено зборуваше за болеста, но и собираше донации за истражувања и други заболени.

nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-zboruvaa-za-nivnata-bitka-so-rak-na-dojka-07.JPG

Кристина Еплгејт

Кристина Еплгејт била дијагностицирана со рак во 2008 година.

Иако ракот бил само на едната дојка, таа направила двојна мастектомија бидејќи мајка ѝ двапати ја имала болеста.

Оттогаш ракот е во ремисија, но Кристина доби дијагноза и за мултипла склероза.

nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-zboruvaa-za-nivnata-bitka-so-rak-na-dojka-08.JPG

Шерил Кроу

Само неколку недели откако ја раскина свршувачката со Ленс Армстронг во 2006-та, Шерил Кроу добила дијагноза за рак на дојка.

Болеста била забележана во рана фаза, па Шерил се излечи со операција за отстранување на туморот од дојката, како и со радијација.

Оттогаш, Шерил честопати ја користи својата популарност за ја да зголеми свесноста од редовните прегледи кои можат да значат и живот, како во нејзината ситуација.

nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-zboruvaa-za-nivnata-bitka-so-rak-na-dojka-09.JPG

Весна Петрушевска

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојка во септември 2024 година, а тогаш сподели дека направила и операции.

Водителката има споделено и фотографија од лузната од мастектомијата, а неодамна откри дека уште се бори со болеста.

Во емотивна објава на Инстаграм Стори, Весна сподели дека се подготвува за четврта по ред операција.

nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-zboruvaa-za-nivnata-bitka-so-rak-na-dojka-10.JPG

Кајли Миног

Најпрво Кајли добила погрешна дијагноза, но во 2005-та одложи цела турнеја за третман за рак на дојката.

Додека се бореше со болеста, Кајли не споделуваше многу детали, но откако се излекува, изјави дека целото искуство ја претворило во друга личност.

nashi-i-svetski-dzvezdi-koi-zboruvaa-za-nivnata-bitka-so-rak-na-dojka-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg