„Бев со неа и во добро и во лошо“ - Џон Траволта скршен по веста за смртта на Оливија Њутн-Џон

„Бев твој од првиот миг кога те видов и ќе бидам твој засекогаш! Твојот Дани, твојот Џон“ – напиша Џон Траволта во пораката со која се прости од неговата колешка Оливија Њутн-Џон, со која заедно ги играа главните улоги во филмот „Брилијантин“.

bev-so-nea-i-vo-dobro-i-vo-losho-djon-travolta-skrshen-po-vesta-za-smrtta-na-olivija-njutn-djon-01.jpg

Светот се простува од актерката Оливија Њутн-Џон, позната по улогата на Сенди во култниот филм „Брилјантин“.

Оливија, која 40 години се бореше со рак на дојка, почина на возраст од 73 години. Веста за нејзината смрт на Фејсбук ја сподели нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, кој напиша:

„Оливија беше симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот“ - напиша сопругот.

bev-so-nea-i-vo-dobro-i-vo-losho-djon-travolta-skrshen-po-vesta-za-smrtta-na-olivija-njutn-djon-02.jpg

Актерката почина мирно на нејзиниот ранч во Калифорнија во присуство на најблиските. Освен што беше позната како актерка, Оливија Њутн-Џон имаше успешна музичка кариера, а во последните децении беше една од најгласните активистки во борбата против ракот.

bev-so-nea-i-vo-dobro-i-vo-losho-djon-travolta-skrshen-po-vesta-za-smrtta-na-olivija-njutn-djon-04.jpg

Голем број познати личности се простија од актерката, а меѓу првите беше и нејзиниот колега со кого заедно играа во филмот „Брилијантин“, Џон Траволта.

„Моја најдрага Оливија, ти ги направи нашите животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме повторно и повторно ќе бидеме заедно. Бев твој од првиот миг кога те видов и ќе бидам твој засекогаш! Твојот Дани, твојот Џон“ – напиша тој.

Инаку, по улогата во „Брилијантин“ Џон Траволта и Оливија беа мошне добри пријатели. Во една прилика Оливија призна дека не сакала да ја прифати улогата на Сенди, затоа што вио периодот кога требало да игра, имала 28 години и се чувствувала премногу возрасна за да биде тинејџерка, но рече дека Џон ја убедил.

„Немаше да можам да го одиграм филмот ако не го запознаев Џон, затоа што не бев сигурна дека сакам да ја одиграм, тој ме убеди“ – изјави во една прилика Оливија.

Актерот пак, има изјавено дека тој бил покрај неа во сите поважни мигови од нејзиниот живот:

„Бев со неа за време на раѓањето на нејзината ќерка, за време на нејзиниот развод и кога ја загуби сестрата. Таа беше тука за мене, за време на мојот брак, со моите деца. Имаме голем број заеднички спомени“ - рече тој.

bev-so-nea-i-vo-dobro-i-vo-losho-djon-travolta-skrshen-po-vesta-za-smrtta-na-olivija-njutn-djon-03.jpg

Освен Џон Траволта, пораки упатија и Опра Винфри, Никол Кидман и Кит Урбан, Кајли Миног и многу други.

На Оливија за првпат ѝ беше дијагностициран рак во 1992-та година и таа беше една од најголемите активисти што се бореа за изнаоѓање лек за болеста.

bev-so-nea-i-vo-dobro-i-vo-losho-djon-travolta-skrshen-po-vesta-za-smrtta-na-olivija-njutn-djon-05.jpg

Нејзината добротворна организација собра милиони што беа наменети за истражувања, а според нејзините најблиски нејзината последна желба била фондацијата и натаму да продолжи со работа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
2 години била во врска со неговиот најдобар другар, се венчале во Лас Вегас – Љубовта на Џон Бон Џов... „Со Доротеа имаме меѓусебна почит. Пораснавме заедно. И навистина си с...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg