Ја изневерил со Блејк, уште е опседнат со неа: Чудни детали за бракот на Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон

Постои верување дека Рајан Рејнолдс ја изневерил Скарлет со сегашната сопруга, па таа затоа го оставила. Некои пак шпекулираат дека актерот уште е опседнат со неа бидејќи бил „нарцис“ и не можел да се помири дека таа е успешна и среќна без него.

ja-izneveril-so-blejk-ushte-e-opsednat-so-nea-chudni-detali-za-brakot-na-rajan-rejnolds-i-skarlet-johanson-01.jpg

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се еден од најпознатите парови во светот, без разлика што периодов како да си ја уништија репутацијата.

Но, многумина имаат заборавено дека Рајан беше во брак со друга мошне популарна актерка – Скарлет Јохансон.

Што знаеме за нивниот краток и чуден брак?

Пробуваа да скријат детали за врската

Пред да ја почне врската со Скарлет Јохансон, Рајан Рејнолдс беше свршен со Аланис Морисет. Но, по четири години врска и година и пол од свршувачката, тие се разделија.

Истата година, тој почна врска со Скарлет Јохансон.

Не е познато каде се запознале, ниту кога почнале да се гледаат, бидејќи и двајцата немаат откриено ништо.

Гласините дека се пар почнаа кратко по разделбата на Рајан и Аланис, па некои шпекулираа дека можеби имале и афера. Сепак, ништо од ова не е потврдено.

ja-izneveril-so-blejk-ushte-e-opsednat-so-nea-chudni-detali-za-brakot-na-rajan-rejnolds-i-skarlet-johanson-9.JPG

Се венчаа само една година подоцна

Во 2008-ма, Рајан и Скарлет официјално потврдија дека се свршиле. Но, повторно не открија никакви детали за свршувачката.

Истата година, тие направија и тајна венчавка во Канада, а меѓу гостите биле само најблиските пријатели и членови на семејството.

Иако Рајан претходно беше свршен, и за двајцата актери, ова беше прв брак.

ja-izneveril-so-blejk-ushte-e-opsednat-so-nea-chudni-detali-za-brakot-na-rajan-rejnolds-i-skarlet-johanson-10.JPG

Издржаа само две години заедно

До 2010 година, веќе се ширеа гласини дека бракот на Рајан и Скарлет се распаѓа.

Па, на крајот на годината, тие најавија дека се разведуваат.

„По долго и внимателно размислување, одлучивме да ставиме крај на нашиот брак. Ја почнавме врската со љубов, и се разделуваме со љубов и добрина.

Иако не очекуваме да ја почитувате нашата приватност, ќе ни значи ако го направите тоа“.

ja-izneveril-so-blejk-ushte-e-opsednat-so-nea-chudni-detali-za-brakot-na-rajan-rejnolds-i-skarlet-johanson-8.JPG

Актерите не открија ништо за разделбата, а но следната година Рајан изјави дека никогаш повеќе не сака да се венча.

Тогаш и Скарлет зборуваше за разделбата во интервју:

„Врските се комплицирани. Мислам дека не бев свесна за сите подеми и падови. Не бев подготвена да вложам труд“.

ja-izneveril-so-blejk-ushte-e-opsednat-so-nea-chudni-detali-za-brakot-na-rajan-rejnolds-i-skarlet-johanson-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава