Ја изневерил со Блејк, уште е опседнат со неа: Чудни детали за бракот на Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон
Меѓу актерите немало никаква „топлина“ додека биле заедно
Откако се разделија, почна да се дебатира за можната причина за разводот на Рајан и Скарлет.
Некои извори блиски до парот тврдеа дека меѓу нив немало хемија и на свадбата не изгледале премногу среќни.
Тоа што од свадбата нема ниту една фотка во јавност, ниту од венчаницата на Скарлет, наводно потврдувало колку не им бил важен настанот.
Додека беа заедно, Скарлет откри дека немале време еден за друг.
„Немаме време за состаноци. Работиме и си одиме дома. Јас гледам во ѕидот неколку часови пред да заспијам“.
Според некои извори, тие биле и премногу различни:
„И двајцата се тврдоглави личности. Недостатокот од топлина меѓу нив беше загрижувачки. Рајан има кажано дека Скарлет му викала секојпат кога зборувала со него.
Скарлет еднаш го посети на филмски сет и почна да му вика – како да полуди“.
Рајан наводно ја изневерил со Блејк Лајвли
Рајан и Блејк Лајвли се запознаа на сетот на Green Lantern, во 2010-та, додека актерот уште беше во брак со Скарлет.
Кон крајот на истата година, Блејк раскина со тогашниот дечко, а Рајан и Скарлет се разделија.
Само два месеца по разводот, Рајан и Блејк потврдија дека се во врска, по што почнаа гласините дека имале афера.
Рајан тврдеше дека со Блејк биле само добри пријатели, но кога и двајцата биле сингл, се зближиле повеќе.
„Долг период бевме пријатели, а мислам дека најдобро e секоја врска да започне така, како пријателство. Околу една година откако завршивме со Green Lantern и двајцата бевме сингл, отидовме на двоен состанок.
Таа со друг маж, а јас со друга девојка. И, ова беше многу непријатен состанок бидејќи беше очигледно дека меѓу мене Лајвли има огномети“.
Голем дел од јавноста е убедена дека Рајан сепак ја изневерувал Скарлет и дека тоа е причината за нивниот развод.
Наводно, Рајан уште е опседнат со Скарлет
Рајан и Блејк се во навидум среќен брак веќе 13 години, а заедно имаат и четири деца.
Но, откога почнаа конфликтите на Блејк со режисерот Џастин Балдони, на виделина почна да излегува и проблематичното однесување на парот.
Последно почна да се шпекулира и дека Рајан со години пробувал да ѝ ја уништи репутацијата на поранешната сопруга Скарлет.
Наводно, тој уште бил опседнат со неа и го мразел фактот што таа е мошне успешна без него.
Според некои извори Рајан бил „нарцис“ кој не можел да се помири со тоа дека Скарлет била таа што го оставила, па сакал да ѝ се одмазди.
Некои одат дотаму и што сметаат дека се венчал со Блејк бидејќи е целосна спротивност на Скарлет и може да ја контролира.
„Зад неговите шеги и забавните реклами се крие маж опседнат со контрола. Сака да го контролира наративот. И, најважно од сè, сака Скарлет да го види тоа.
Се ожени со Блејк бидејќи е сосема спротивна од Скарелт – нежна, домаќинка, го поддржува. Тој не можеше да ја контролира Скарлет и тоа го скрши.
Па, сега пробува да контролира сè останато. Води војна за која Скарлет не е ни свесна“, споделува извор.
Сепак, сето ова се само шпекулации, иако некои фанови на Скарлет се убедени дека има доза вистина во нив.
Спирова С. | Црнобело