Има четири браќа, изгубил две сестри: Меколи Калкин потекнува од огромно семејство
Квин Калкин
Во детството, Квин Калкин тргнала по стапките на брат ѝ и се има појавено во два филма.
Но, сепак се откажала од филмската индустрија и денес се држи настрана од јавност.
Меколи и Киран ја почитуваат нејзината приватност, па ретко зборуваат за неа.
Шејн Калкин
Шејн е најстарото дете од семејството на Меколи, и тој се има појавено во филм во 1980-тите.
Но, тој е можеби најприватна личност од целото семејство и од него не е достапна ни фотографија.
Кристијан Калкин
Малку се знае и за Кристијан Калкин, освен дека се појави во филм во 1994 година, заедно со брат му Киран.
Џенифер Адамсон
Џенифер е полусестрата на Меколи – ќерката што татко му ја добил со претходна партнерка.
Познато е дека Џенифер завршила средно и потоа се запишала на факултет. Работела како супервизор во дом за лица со попреченост.
Но, во 2000-та, на 29-годишна возраст, починала од предозирање.

Спирова С. | Црнобело