Има четири браќа, изгубил две сестри: Меколи Калкин потекнува од огромно семејство
- Детали
- недела, 26 октомври 2025
Меколи Калкин имал полусестра која во 2000-та починала од предозирање. Тој имал и друга сестра која сонувала да стане продуцент, но загинала во сообраќајна несреќа.

Иако не е активен во филмската индустрија како во детството, Меколи Калкин уште важи за еден од најпознатите холивудски актери.
Изминативе неколку години почна да се прославува и неговиот помал брат, Киран Калкин, кој е ѕвезда во хит-серијата Succession, а неодамна освои и Оскар.
Но, знаевте ли дека Меколи потекнува од огромно семејство и има дури седум браќа и сестри?
Родителите на Меколи, Кит и Патриција, никогаш не стапиле во брак но заедно имаат седум деца, вклучувајќи го и актерот.
Претходно, татко му Кит добил ќерка со друга партнерка, па Меколи имал и полусестра која, за жал, веќе не е жива.
Кои се браќата и сестрите на Меколи Калкин?
Киран Калкин
Киран ја почна филмската кариера во Home Alone – глуми едно од малите деца, а вели дека не се ни сеќава на снимањето.
Низ годините добиваше и други помали улоги, но вистинска популарност стекна со серијата Succession.
За оваа улога доби неколку номинации за престижни награди, како Златен Глобус, а освои и Еми. Потоа, во 2025-та, доби и Оскар за улогата во A Real Pain.
Од 2013 година е во брак и со сопругата има две деца.
Рори Калкин
Како Киран и Меколи, и Рори е активен во филмската индустрија, но главно со помали улоги.
Сепак, се има појавено во филм со Мел Гибсон и Хоакин Феникс, а привлече внимание и со улогата во серијата Swarm каде се појавува потполно гол.
Од 2018 година, тој е во брак, но уште нема деца.
Дакота Калкин
Како нејзините браќа, и Дакота покажувала интерес за филмската индустрија, но не како актерка.
Таа има работено како продуцентка на неколку филмови, но немаше можност да изгради кариера.
Во 2008-ма, на само 29-годишна возраст, Дакота беше удрена со автомобил на пешачки премин и загина.
Во нејзина чест, Меколи му го даде името Дакота на неговиот син, додека Киран има изјавено дека никогаш не ја преболел нејзината смрт:
„Прифатив дека секогаш ќе бидам тажен. До денес понекогаш плачам за неа. Ќе се сетам на нешто смешно што направила и ќе се насмеам, а потоа ќе почнам да плачам“.