Бившиот сопруг ја изненадуваше со Крис Мартин (48), сега таа е во врска со него – Софи Тарнер (29) ја освои симпатијата од детството
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
Софи Тарнер толку многу го сакала Крис Мартин од Coldplay, што бившиот сопруг Џо Џонас за роденден ја изненадил со видео честитка од него. Сега, неколку години подоцна, Софи успеала да го освои симпатијата од детството, и покрај возрасната разлика од две децении.

По Кети Пери и Џастин Трудо, новиот неочекуван пар од светот на шоубизнисот се Крис Мартин од Coldplay и актерката Софи Тарнер.
29-годишната ѕвезда од Game of Thrones и 48-годишниот пејач отишле на „таен романтичен состанок“, и тоа речиси веднаш откако се разделија со претходните партнери.
До неодамна, Софи беше во врска со богатиот аристократ Перегрин Персон. Тие ја почнаа врската кратко по разводот на Софи, а се разделија во септември.
Крис Мартин, од друга страна, ја раскина свршувачката со Дакота Џонсон во јуни, по осум години заедно.
Според изворите на Daily Mail, Софи не чекала многу за да го преболи бившиот и излегла со Крис Мартин само една недела по раскинувањето.
Покрај возрасната разлика од речиси 20 години, друг чуден детаљ за новиот пар е тоа што Софи била огромна обожавателка на Крис уште од детството.
Впрочем, таа толку го сакала, што во 2020 година, тогашниот сопруг Џо Џонас ѝ приреди изненадување – го убедил Крис да сними видео по повод нејзиниот роденден.
На видеото од изненадувањето се гледа како Софи и Џо седат во ресторан, кога пејачот ѝ вели: „Има некој кој сака да ти посака среќен роденден“.
Кога Софи сфаќа кој ќе ѝ го честита роденденот, радосно извикува „Крис Мартин“.
„Ова е Крис од Coldplay. Јас и позгодните членови од нашиот бенд ти посакуваме да имаш убав ден.
Ти ја праќам сета моја љубов и се надевам дека си поминуваш одлично“, вели Крис во видеото и на крај ѝ праќа бакнеж.
Софи изгледа пресреќна од изненадувањето и пробува да ги скрие солзите.
„Нема да плачам пред камера“, се слуша како вели.
За потсетување, Софи и Џо Џонас се венчаа во 2019 година и заедно добија две ќерки.
Во 2023-та пејачот поднесе барање за развод, а истиот период Софи беше забележана со поранешниот дечко – аристократот.
Го финализираа разводот во 2024 година, а почна да се шпекулира дека Софи пробувал да најде љубов и на апликации за состанување.
Сепак, набрзо потоа ја потврди врската со аристократот.
Крис Мартин, пак, до 2015 година беше во брак со Гвинет Палтроу, а со неа доби две деца.
Потоа почна врска со Дакота Џонсон и парот се сврши во тајност. Но, се разделија годинава.
Спирова С. | Црнобело