Поради ракот на јајници мислеше дека никогаш нема да има деца - Се сеќавате ли на Робин од How I Met Your Mother?
А благодарение на глумата го запознала и сопругот, актерот Таран Килам, со кого стапи во брак во 2012 година.
Парот има две ќерки, Шејчин Кадо (16) и Јанита Меј (10).

Сепак, неколку години пред да стане мајка, Коби се нашла во лоша животна ситуација - на само 25 години ѝ бил дијагностициран рак на јајници, па таа мислела дека никогаш нема да има деца.
„Тоа беше вистински хаос, не за тоа дали ќе преживеам, туку дали еден ден ќе имам деца. Отсекогаш сум сакала да бидам мајка, па ми беше премногу тешко кога се соочив со ова прашање, посебно толку млада“, раскажа таа во едно интервју.

По операцијата ѝ останала само 1/3 од едниот јајник, но таа сепак успеала да остане бремена и да роди две ќерки.
„Благословена сум што родив две деца и тоа по природен пат“, рекла таа.

Денес, актерката, освен што глуми, се занимава и со хуманитарна работа, во организации за заштита на децата, но и во друштва кои се грижат за зачувување на животинскиот свет во морињата и океаните.

А. Ј. | Црнобело