Поради ракот на јајници мислеше дека никогаш нема да има деца - Се сеќавате ли на Робин од How I Met Your Mother?
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
На само 25 години ѝ бил дијагностициран рак на јајници, а по операцијата ѝ останала само 1/3 од едниот јајник, поради што не верувала дека некогаш ќе стане мајка. Но, Робин Шарбатски од How I Met Your Mother денес има две големи ќерки. Се сеќавате ли на познатата актерка?

Кога во 2005 година се појави во серијата How I Met Your Mother, како Робин Шербатски, актерката Коби Смолдерс ја маѓепса публиката.
Фановите веднаш за вљубија во ликот на Канаѓанката желна за вистинска љубов и успешна ТВ-кариера, која постојано се наоѓаше во чудни животни ситуации.

Оваа серија беше отскочна штица за Коби, која потоа доби улоги во сериите Agents of S.H.I.E.L.D., Friends from College.
Глумеше и во Stumptown, во која глуми заедно со Џејсон Сигал, односно Маршал Ериксон од How I Met Your Mother.

Родена е на 3 април 1982 во Ванкувер, а вистинското име ѝ е Џејкоб Френсис Марија Смолдерс.
Уште како тинејџерка почнала да се занимава со манекенство, но мислела дека тоа ќе ѝ биде само хоби, бидејќи повеќе ја интересирале медицината и морската биологија.

„Отсекогаш бев фасцинирана со човечкото тело и настанувањето на новиот живот, но актерството победи на крајот. Како девојче се занимавав и со моделинг, но тоа не ми носеше задоволство, напротив, ми ја наруши самодовербата.
Се препородив откако почнав да глумам, особено со улогите што ги добивав во хумористичните серии“, рекла во едно интервју.
