Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не е мое“
Нејзините зборови, иако оригинално изјавени од пред неколку години, деновиве се вирални на социјалните мрежи и се споделуваат како потсетник дека не секој мора да оди под игла, доколку се чувствува убаво однатре.
„Сум пробала ботокс порано.
Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и си реков – Не, не сакам да бидам ваква, подобро ќе гледам како ми старее лицето, отколку да имам лик што воопшто не ми припаѓа на мене.
Не ми пречат моите линии кои се појавуваат кога се смеам. Ги сакам.

Си велам – погодете што ова значи, дека сум се смеела цел мој живот.
Го сакам животот. Среќна сум и немам проблем со тоа“.

Камерон е целосно опуштена и задоволна со себе, често знае да се појави низ Њујорк без шминка и со неуредна коса, но секогаш со насмевка на лицето.

Уште неколку понови фотки од Камерон:





М. М. | Црнобело
