Дознала за неа дури во 2010-та, мајка ѝ ја дала на посвојување: Која е „тајната“ полусестра на Опра Винфри?
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
„Замислете колку бев шокирана кога пред неколку месеци, открив дека имам уште една сестра, која живее на само 90 минути од мене“, изјави Опра во 2011 година, пред на својата публика да ѝ ја покаже сестрата што не ни знаела дека постои.

Поголемиот дел од животот, Опра го поминала мислејќи дека има само една сестра и брат. Брат ѝ Џефри починал во 1989 година, додека сестра ѝ Пат во 2003-та.
Но, кон крајот на 2010 година, водителката дознала долго чувана семејна тајна – дека има и полусестра.
Опра ја сподели тајната со светот во нејзината емисија во 2011 година.
„Мислев дека сум видела скоро сè и сум ја слушнала секоја приказна. Мислев дека ништо не може да ме изненади. Но, да ви кажам, грешев“, изјави водителката
И, тогаш во емисијата ја викна нејзината сестра, поточно полусестра Патриција.
„Замислете колку бев шокирана кога пред неколку месеци, кон крајот на октомври, открив дека имам уште една сестра која живее на само 90 минути од мене“, сподели водителката.
Патриција и Опра имаат различни татковци, а мајка им ја дала на посвојување во 1963 година.
Кога Патриција се родила, родителите на Опра не биле заедно и водителката живеела со татко ѝ.
„Имав девет години кога мајка ми ја дала Патриција на посвојување. Живеев со татко ми во Нешвил. Не ни знаев дека мајка ми била бремена“.
Патриција се родила во 1963 година, во период кога мајка ѝ Вернита била во тешка финансиска состојба. Па, одлучила да го даде девојчето на посвојување.
Патриција пораснала сонувајќи дека мајка ѝ некогаш ќе ја контактира.
„Не сакав да верувам дека сакала да ме даде на посвојување. Па, секогаш посакував да дојде по мене. Но, како што растев, сфатив дека тоа нема да се случи“.
Сепак, Патриција вели дека не ѝ замерува.
„Благодарна сум за луѓето кои се дел од мојот живот и луѓето кои ми дале сила и кои ме сакале. Не жалам за тоа што мајка ми се откажала за мене“.
Додека растела, Патриција живеела со неколку различни згрижувачки семејства, пред да биде посвоена на седумгодишна возраст.