Дознала за неа дури во 2010-та, мајка ѝ ја дала на посвојување: Која е „тајната“ полусестра на Опра Винфри?
Нејзиното искуство ја натерало Патриција да студира социологија и да им помага на децата без родители.
„Бидејќи јас сум дете без родители, мојот сон е да им помагам на другите деца без родители. Во првиот дом каде што бев згрижена, знам дека бев сакана.
И, верувам дека тоа многу помага и подоцна ве приземјува како возрасна личност“, има изјавено Патриција.
Сепак, Патриција пробала да ја најде нејзината мајка.
Во 2007 година, поддржана од нејзините деца, Патриција ги побарала нејзините документи од раѓање.
Во нив не биле наведени имиња на членови на семејството, но знаела дека има три браќа и сестри.
Случајно на телевизија начекала интервју со мајка ѝ која, пак, зборувала на смртта на децата Џефри и Пет (братот и сестрата на Опра).
Додека Вернита зборувала за семејството, Патриција почнал да си ги поврзува работите.
„Мислам дека се наежив кога сфатив дека можеби ја најдов мајка ми. Помислив дека е невозможно“.
Патриција пробала да стапи во контакт со мајка ѝ Вернита трипати, но таа ја одбивала.
„Бев повредена, но морав да заборавам“.
Знаејќи дека сестра ѝ е многу позната личност, Патриција решила да молчи за своето откритие и да се потруди да не протече во јавност.
„Се сеќавам дека се грижев за мојата постара сестра и се молев ништо да не допре до јавноста. Не сакав да биде повредена“.
Опра, пак, вели дека е многу благодарна што сестра ѝ мислела на неа уште пред да ја запознае.
„Она што ми беше најневеројатно за оваа приказна и што ме тера да плачам е тоа што јас сум јавна личност и секој пробал да добие нешто од мене.
Патриција одново и одново се обидувала да добие одговор од мајка ми и од другите членови на семејството. Но, никогаш не отишла кај медиумите. Не ни помислила да ја продаде нејзината приказна…
Кога го дознав ова, си реков дека сакам да ја запознаам, без разлика дали навистина ми е сестра или не. Сакав да знам личност со таков карактер“.
ДНК тестовите потврдиле дека Патриција сепак е сестра на Опра и оттогаш тие се неразделни. По некое време Патриција ја запознала и мајка си.
Опра вели дека Патриција премногу ја потсетува на нејзината покојна сестра Пат. Ова, пак, ѝ помогнало подобро да се справи со нејзината смрт.
Прочитајте и: Опра низ солзи зборува за мајка ѝ што ја избркала од дома кога останала бремена: „Не можам да кажам ништо убаво за неа“
Спирова С. | Црнобело