Од стјуардеса, до најмоќната жена во Холивуд: Како Крис Џенер ја изгради нејзината империја?
- Детали
- сабота, 15 ноември 2025
„Мојата цел во животот беше кога ќе добијам деца па ќе пораснат, сите тие да најдат нешто за коешто ќе имаат страст. Мислам дека моето најголемо наследство е тоа што сум одлична мајка и добра баба. Тоа е она најважното“, вели Крис Џенер која и во осмата деценија од животот, не планира да запре.

Иако можеби се прослави подоцна во животот, Крис Џенер несомнено е една од највлијателните жени во Холивуд.
Се дружи исклучиво со ѕвезди, технолошки гиганти и успешни и моќни луѓе, а нејзините ќерки ги направи најпознатите жени во светот.
Како Крис Џенер ја изгради својата империја?
Крис Џенер има изјавено дека го манифестирала животот што го води денес и дека покрај напорната работа, и нејзината верба има огромен удел.
„Го манифестирав целиот мој живот, без да сфатам што точно значи тој збор. Никогаш не сум си рекла ’сега ќе го манифестирам ова‘, но сум го правела токму тоа.
Имам духовна страна и тоа е едно од најважни нешта во мојот живот. Се молам секој ден за сè.
Манифестирам така што се молам за моето семејство, за моите пријатели, за здравјето, бизнисот и ако го правите тоа со љубов, сè е возможно“, сподели ријалити ѕвезда во интервју за Forbes.
Крис Џенер е родена во Сан Диего, а бидејќи нејзините родители биле разведени, честопати се селела од едно на друго место.
Уште како млада девојка, Крис сонувала да стане мајка, но и образована и успешна жена.
Нејзината прва позначајна професија била како стјуардеса за авиокомпанијата American Airlines.
И, веднаш се истакнале нејзините лидерски способности бидејќи без проблем менаџирала колеги кои биле и десет години постари од неа.
„Влегував во авион полн со професионалци и знаев што точно прават и дека морам јас да ги контролирам. Имав 20 години, а им кажував на сите што да прават“.
Во 1978 година, додека уште работела како стјуардеса, Крис се венча со адвокатот Роберт Кардашијан.
Заедно добија четири деца – Кортни, Ким Клои и Роб, а во 1989 година се разведоа.
Иако семејството Кардашијан било познато меѓу богатите, јавноста немала слушнато за нив, сè до судењето на О. Џ. Симпсон.
Роберт Кардашијан го бранеше некогашниот рагбист, а поради популарноста на случајот, се прославија и тој и Крис.
Потоа, во 2003 година, Крис се венча со Брус Џенер (кој си го промени полот и сега е познат како Кејтлин).
Кејтлин, порано Брус, беше олимписки спортист и има освоено злато, па овој брак ја направи Крис уште попопуларна во САД.
Додека беа заедно, таа ја презеде улогата на негов менаџер, а му помогна да почне кариера како тркач со автомобили.
Сакајќи повеќе од животот и сонувајќи за поголема слава, Крис Џенер добила идеја за ријалити шоу.
Па, во 2007 година, успеала да склучи договор да почне да се снима Keeping Up with the Kardashians.