Од стјуардеса, до најмоќната жена во Холивуд: Како Крис Џенер ја изгради нејзината империја?
„Почнавме со снимањето на шоуто кога имав 51 или 52 години и додека да почне да се емитува, тоа беше еден од најгордите моменти во мојот живот.
Секој ден имав можност да работам со моето семејство и да создавам нешто ново“, сподели Крис во интервју пред неколку години.
Ријалити ѕвездата направила добра процена, бидејќи со текот на времето, шоуто помогна семејството Кардашијан да стане светски познато.
Беа снимени дури 20 сезони од шоуто, 10 сезони од други спин оф шоуа, а моментално Кардашијанс снимаат и уште еден спин оф кој веќе има седум сезони.
И, сето ова се одвивало под надзор на Крис.
Денес нејзините ќерки се светски познати, а Крис не крие дека зема 10% од сите нивни договори бидејќи, сепак, им е менаџер.
„Им реков на моите деца дека ќе вложам сè во ова, дека ќе работам напорно и дека ќе земам десет проценти бидејќи тогаш работата ќе ми вреди.
Знаев дека ќе треба да работам многу, па сакав да се осигурам дека ќе нема потреба да работам и нешто друго“.
Иако менаџирањето на ќерките ѝ е главниот фокус, Крис вели дека постојано има полни раце работа бидејќи секогаш има по некој проблем.
Сепак, во прашање е репутацијата на целиот бренд на семејството Кардашијан, па Крис мора да се осигури дека сè се одвива по план.
Крис има зборувано и за тоа како успеала да ја изгради империјата на ќерките, вклучувајќи ги нивните посебни брендови.
„Почнав да правам инфраструктура, ги ставив вистинските луѓе на вистинските места, се советував и ги собрав сите потребни луѓе за целата машинерија да функционира.
Пробувавме едно, па друго и сфаќавме дека за секоја од ќерките функционира она за коешто имаат најмногу страст. Создавањето на овие бизниси беше голем успех за нас“.
Благодарение на Крис, денес брендот на Ким вреди 4 милијарди долари, додека брендот на Кајли се проценува на околу 1,2 милијарди.
Крис истакнува дека од огромна помош ѝ биле и нејзините вештини за преговарање.
„Ако некој ви рече ’не‘, тогаш зборувате со погрешната личност. Тоа е моето мото.
Мислам дека добри преговори се кога вие ќе понудите нешто, вам ќе ви понудат нешто и ќе најдете заеднички јазик“.
Крис веќе влезе во осмата деценија од животот, но вели дека не планира да се пензионира.
Сепак, додава дека семејството ѝ останува најголемиот приоритет.
„Мојата цел во животот беше кога ќе добијам деца па ќе пораснат, сите тие да најдат нешто за коешто ќе имаат страст.
Мислам дека моето најголемо наследство е тоа што сум одлична мајка и добра баба. Тоа е она најважното“.
Погледнете и: Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон?
Спирова С. | Црнобело