На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот на пејачот на Red Hot Chili Peppers
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
„Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Монро“. Ја замолив да ми прави друштво под тушот и таа се согласи. Веднаш се соблече и водевме љубов на подот. Ја познавав само пет минути, но бев сигурен во моите чувства. Следниот ден призна дека татко ѝ е шеф на полиција и дека цела држава ја бара и дека има само 14 години“ - се сеќава Ентони Кидис.

Ентони Кидис (63), фронтменот на Red Hot Chili Peppers е поранешен зависник кој живеел и како бездомник на улиците на Лос Анџелес, а денес е вистинска музичка икона. Но, дел од работите што му се случувале во животот се многу поневеројатни од она што може да се замисли.
Дел од овие приказни ја шокираа јавноста, откако Ентони ги опиша во неговата автобиографија, Scar Tisseu.
Таму, музичарот си ја соголува душата и раскажува за убавите и лошите моменти од неговиот живот.

Што пишува во автобиографијата?
Откако Кидис се преселил во Лос Анџелес во 1974 година, неговиот татко Џон Мајкл го однел на службено патување во Висконсин. Додека тој три дена продавал кокаин, го праќал својот син во кино секој ден, да го гледа истиот филм за Џејмс Бонд.
Кога се вратиле во Лос Анџелес, носеле 30.000 долари во кеш. Парите ги носел Ентони, зашто татко му се плашел дека ќе заврши во затвор ако го фатат со толку пари.

Пишува и дека ја изгубил невиноста на 12 години, со 18-годишна девојка, која била љубовница на неговиот татко.
Овој момент од живото на Ентони во книгата го опишува Лари Слоуман, коавтор на биографијата.
„Една вечер, кога Ентони имал 12 години, отишол со својот татко во Rainbow Room, каде што девојката на неговиот татко танцувала за него.
Ентони го прашал: „Тато, може ли да го имам првото сексуално искуство со твојата девојка?“, а татко му одговорил: „Секако, сине“.
Се вратиле дома, а неговиот татко направил голем кревет со четири душеци во собата и ја ставил девојката до него. И така Ентони ја изгубил невиноста. Таткото го снимил чинот со видео камера“ - стои во автобиографијата.

Таму пишува и како бил осуден за сексуален напад затоа што го триел пенисот од лице на жена на концерт.
Ова се случило за време на турнејата Mother's Milk, кога бендот имал концерт на Универзитетот Џорџ Мејсон. Според обвинението, тој го покажал својот пенис и со него ѝ го допрел лицето на жена против нејзина волја.
Кога по многу години бил вклучен во јавна кампања која промовирала одговорна употреба на кондоми, во јавноста повторно се појавиле деталите за инцидентот со пенисот.
Кога Центарот за контрола и превенција на болести, кој ја водел оваа кампања, дознал за пресудата, ја повлекле кампањата, но штетата веќе била предизвикана.

Во книгата раскажува и како со мајка си секое лето поминал по неколку месеци во неговиот роден град Гранд Рапидс, кога бил дете.
Таму, со неговите пријатели редовно скокал од железничките мостови во езера и реки. Оваа практика ја продолжил и како средношколец во Лос Анџелес, кога со еден пријател почнал да скока од згради во базени, дури и од петтиот кат.
Еден таков скок бил фатален, па тој завршил во болница со скршен грб. Иако се опоравил, повредата влијаела на неговата подвижност, што е и една од причините за неговите вкочанети движења кога танцува.

